Германските фудбалски репрезентативци зборуваат за својата вера

Секој што ги следи фудбалерите ќе забележи како многу играчи се крстат или се молат пред натпревар или пред излегување на терен. Додека некои тоа ќе го сметат само како обична „рутина“, често позади тој гест се крие нешто многу повеќе.

Верата е многу присутна во германската фудбалска репрезентација.

Томас Милер, Мирослав Клозе и Лукас Подолски, кои играат во нападот на германската репрезентација, имаат нешто заедничко: не е тоа само играњето во напад, туку токму католичката вера.

Така Томас Милер, роден во малото баварско гратче Фафенвинкел, бил многу години министрант во својата родна парохија и смета дека Црквата и нивната традиција се „многу важни за целото општество“.

На Подолски и Клозе, и двајцата по потекло од Полска, не ги поврзува само потеклото, туку и верата во Бог. Бенедикт XVI лично ги прими во аудиенција, па Подолски веднаш по повлекувањето на Бенедикт XVI на својот профил на Фејсбук напиша: „Ни даде многу. Venimus adorare eum“. (Дојдовме да му се поклониме – Песна на Светскиот ден на младите од 2005). Неговото мото е: Бог верува во тебе, затоа никогаш немој да ја изгубиш верата во себе. Подолски денес е ангажиран како амбасадор на христијанската организација „Арка”, која се грижи за социјално запоставените деца.

Другиот напаѓач на германската репрезентација, Мирослав Клозе, исто така, долги години бил активен министрант во својата парохија во германскиот град Кусел. И денес верата во Бог има цврсто место во неговиот приватен живот, изјави за германскиот весник „Келн Експрес”.

Останатите играчи на германската репрезентација имаат слични искуства и погледи на верата како колегите Клозе, Милер и Подолски. Марио Гомез, на пример, кој поради повреда мораше да се откаже од првенството, држи многу до својата вера: „Верувам дека Бог е тука, бидејќи никогаш не би успеал сам да стигнам толку далеку“, рекол за „Келн Експрес”.

Бастијан Швајнштајгер, пак, верува дека Бог е присутен во неговата игра, а тренерот Ханс Флик сведочи како верата во Бог дава сила да може да се носи со поразот. „Верата во Бог ме придвижува, за да дадам сè од себе“, додава Флик.

Битно нет/В.Н.

Категорија: Сведоштва, Свет

За авторот