Шкотските бискупи најавија патување на Папата во Глазгов

Шкотските бискупи најавија патување на Папата во Глазгов

Портпарол на шкотската бискупска конференција најави учество на папата Фрањо на ОН конференцијата за климата COP26, која ќе се одржи во Глазгов од 1 до 26 ноември 2021 godina.

Портпарол на Шкотска бискупска конференција рече дека станува збор за многу кратка посета, на која Папата ќе се фокусира на конференцијата COP26 и нема да може да се организираат „пасторални, екуменски и меѓурелигиски средби“. Сепак, шкотските бискупи се надеваат дека ќе се сретнат со Светиот Отец, барем за кратко време. Ова тоа му го посочија на Папата во телеграмата испратена до него со желби за брзо закрепнување од операцијата.

Светиот Престол досега нема објавено патувањето на Папата во Шкотска. И американскиот комесар за клима Џон Кери пред новинарите за време на посетата на Ватикан кон средината на мај изјави дека Папата сака да присуствува на конференцијата, но не спомена конкретни планови. Се шпекулираше дека Папата ќе им се обрати на учесниците на самитот за клима преку видео порака.

Конференција COP26 требаше да се одржи минатата година, но беше одложена поради пандемијата со коронавирусот.

ИКА/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот