Убиен свештеник на Велики Четврток

Убиен свештеник на Велики Четврток

Правдата мора да се задоволи наспроти таквото светогрдие бара бискупијата Сантијаго де Мариjа во Салвадор, по убиството на свештеникот Валтер Осмир Васкез кое се случи на Велики Четврток.

Во посебно соопштение бискупијата го осуди насилството од секој вид посебно тоа кое се случува во Страсната седмица, и потсетува дека отец Валтер Осмир Васкез само неколку часа пред убиството ја славел седмата годишнина од свештеничкото ракополагање.

Барање за разјаснување на околностите упати и надбискупијата Сан Салвадор која исто така ја изрази својата солидарност со бискупијата Сантијаго де Мариjа и со семејствата кои ја водат локалната заедница. Отец Валтер е роден 1987 година, ракоположен е за свештеник 2010 година. Во текот на Страсната седмица бил испратен да ја слави Светата Тродневница во својот роден град Лолотик.

На Велики Четврток навечер откако служел света Миса и се упатил на друго славење свештеник е пресретнат од група вооружени луѓе, го опљачкува и убива посведочиле тројца луѓе кои го придружувале. Мотивот за убиството сè уште е непознат, а локалните власти се сомневаат дека убиството го сториле криминалните банди кои владеат на перифериите на Ел Салвадор. По стапка од 60 убиства на сто илјади жители, таа е најопасната земја во светот.

Во Ел Салвадор т.н. „bande maras“ се нарекуваат „мафија на сиромашните“ затоа што делуваат во најзапуштените подрачја, изнудувајќи пари од малите претпријатија и се под контрола на мексиканските картели. Свештениците кои служат на тоа подрачје се единствената поддршка на населението. На нив им се обраќаат оние кои не можат на бандите да им ги платат бараните износи, потоа мајките на момчињата членови на банда или млади кои одбиваат да одат во банда. Истокот од земјата каде што делувал отец Валтер е најопасен токму заради тие банди, а делувањето на свештеникот во корист на најслабите им пречи на криминалните групи.

РВ/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот