Наместо отпор на изненадувањата послушност на Светиот Дух

И денес во Црквата како и порано постојат отпори за изненадувањета на Светиот Дух пред новите ситуации, но тој ни помага да победиме и да одиме напред, сигурни во Исусовиот пат – рече папата Фрањо на светата Литургија на 28 април во домот Света Марта.

Изненадувањата на Светиот Дух на Ерусалимскиот собор

Коментирајќи го познатиот дел од Делата на светите апостоли за Ерусалимскиот собор Папата рече дека Светиот Дух е „протагонист на Црквата“, „Тој од првиот момент на апостолите им даде сила да го навестуваат Евангелието“, Духот Свети „направил сè“ и ја „води Црквата напред“, исто така и со нејзините проблеми. И кога Црквата трпи прогони Светиот Дух дава сила на верниците да се упорни и во моментите на „отпорот и гневот на книжниците.“

Во случајот на Ерусалимскиот собор – рече Папата – постоел двоен отпор на делувањето на Светиот Дух: на оние кои верувале дека „Исус дошол само за избраниот народ“ и кои затоа на обратените погани сакале да им го наметнат Мојсеевиот закон вклучувајќи го обрезанието. Папата рече дека среде сето тоа настанала голема конфузија.

Духот ги ставил срцата на нов пат: тоа биле изненадувањата на Духот. Апостолите се нашле во нови ситуации. Како да се соочат со нив? Денешниот дел од Делата на светите апостоли започнуа со зборовите: „Во тие денови: По долго расправање…“ Се работело – според Папата – за жестока расправија. Од една страна ја имале силата на Духот кој бил протагонист, кој ги поттикнувал да одат напред, но носел и одредени новости, работи кои никогаш не се правеле. „Никогаш не ги ниту замислувале. На пример поганите да го примат Светиот Дух“ – смета папата Фрањо.

Начинот на постапување на Црквата пред изненадувањата на Светиот Дух

Учениците – како што се изрази Светиот Отец – „во рацете имале врел компир и не знаеле што да прават“. Затоа повикале средба во Ерусалим каде што секој ќе може да го изнесе сопственото искуство за тоа како Духот Свети слегнал и на поганите. На крајот се согласиле, но пред тоа „целото мноштво замолкнало. Ги слушале Варнава и Павле кои проповедале колку знаци и чуда Бог преку нив направил меѓу поганите.“ Треба да се слуша, да не се плашиме од слушање – рече Папата. Кога некој се плаши да слуша, го нема Духот во срцето. Откако го послушале Варнава и Павле одлучиле да ги испратат на грчките заедници – преобратените од поганство – на некои ученици за да ги смират им кажале: „Сè е добро, постапувајте вака.“

Преобратените погани не морале да се обрезуваат. Тоа е одлука која ја соопштиле преку писмото во кое е „протагонист Светиот ДУх.“ Учениците уште повеќе утврдиле: „Одлучивме Светиот Дух и ние…“ Тоа е патот на Црквата пред новостите – не оние модерните како мода за облека, туку „изненадувањата на Духот“ затоа што Тој – според зборовите на Светиот Отец – „секогаш нè изненадува. А како Црквата тоа го решава? Како се соочува со тие проблеми, да не ги решава ли? Со средба, слушање, расправа, молитва и конечна одлука.“

„Тоа е патот на Црквата сѐ до денес“ – рече додавајќи дека „Духот изненадува со нешто што изгледа ново“, „никогаш не се правело така“, „треба да се прави вака.“

Господ од нас бара послушност на Светиот Дух

Додаде дека и денес има отпор во еден или во друг облик, но Духот оди напред. Патот на Црквата е да се собереш заедно, да слушаш, да расправаш, да молиш и да одлучиш. Тоа е т.н. синодалност на Црквата во кое се изразува нејзиното заедништво. А кој го создава заедништвото? Духот Свети. Повторно тој е протагонист. Што бара Господ од нас? Послушност на Духот: да не се плашиме кога ќе видиме дека Духот нè повикува.

Светиот Дух понекогаш не запира како што направил со свети Павле за да нè поведе по друг пат „нè не остава сами“, ни дава храброст, трпеливост, прави сигурни да одиме по Исусовиот пат, помагајќи ни да ги надминеме отпорите и да бидеме силни во мачеништвото. “ Да го молиме Господ – заврши папата Фрањо – за милост да сфатиме како Црквата оди напред, да сфатиме како од првиот момент се соочува со изненадувањата на Духот, како и за милоста на послушност на Духот, за да одиме по патот по кој Господ Исус го посакаува за секој од нас и за целата Црква.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот