Папата во Бари ќе учествува на екуменска молитва за мир

Папата во Бари ќе учествува на екуменска молитва за мир

Екуменската молитва за мир и разговорот со патријарсите се централните настани при посетата на папата Фрањо во Бари

На 7 јули 2018 година папата Фрањо ќе замине за Бари како би учествувал на екуменска молитва за мир. Во програмата која ја објави Канцеларијата за печат при Светиот Престол, стои дека Светиот Отец со хеликоптер ќе полета од Ватикан во 7.00 часот и по нешто повеќе од еден час ќе слета во Бари, во покраината Апулија. Веднаш по пристигнувањето ќе ја посети Папската базилика Свети Никола, каде ќе бидат и патријарсите.

Со програмата е предивдено Светиот Отец и патријарсите во 8.45 часот да слезат во криптата и да се помолат пред моштите на свети Никола, а потоа со автобус ќе заминат на молитвена средба со почеток во 9.30 часот.

После молитвата, според програмата, во 11.00 часот ќе започне средба зад затворена врата. Во 13.30 часот учесниците со автобус ќе заминат на ручек во надбискупијата. Тука папата Фрањо ќе се испрати од присутните патријарси и пред да влезе во хеликоптерот околу 16.00 часот ќе ги поздрави претставниците на власта. Враќањето во Ватикан е предвидено за 17.15 часот.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот