Секретарот на Светиот Престол за односи со држави и меѓународни организации, монс. Пол Ричард Галагер нагласи дека единствениот начин да се постигне траен мир е „да се бара дијалог по секоја цена“.
Обраќајќи се до Унијата на генерални поглавари во Рим по повод собранието, секретарот на Светиот Престол за односи со државите и меѓународни организации, монс. Пол Ричард Галагер истакна дека единствениот начин да се постигне траен мир е „да се бара дијалог по секоја цена“.
Војната може да се спречи со промовирање на општествен напредок за новите генерации, рече надбискупот Пол Ричард Галагер на отворањето на 98-то Собрание на Унијата на генералните поглавари, кое се одржува до 25 ноември во Fraterna Domus во Сакрофано, во близина на Рим.
На тридневното собрание се дискутира на тема „ Fratelli Tutti: повикани да се биде занаетчии на мирот“ земена од точката 225 од енцикликата на папата Фрањо. Средбата е фокусирана на посветеноста на Црквата за промовирање мир во светот, а посебно на заедничката посветеност на USG и UISG (Меѓународна унија на генерални поглавари) за мир, правда и интегритет на целото создание, особено преку нивните програми за обука на мажите и жените со посветен живот.
Во неговиот воведен говор надбискупот Галагер истакна дека Црквата не може да биде ослободена од посветеноста за мир. Тој забележа како апелите на светиот папа Павле VI. на дијалог како единствен начин за постигнување мир постојано го повторува папата Фрањо, кој спомнувајќи ја војната во Украина и многу други земји во светот, зборува за „Трета светска војна“.
Сепак, според Секретарот за односи со државите, „гаранцијата за мир пред сè подразбира целосно отфрлање на војната и барање дијалог по секоја цена, помагајќи да се создаде клима на растечка доверба што го гарантира патот кон иднината“. Исто така, „неопходно е да се обезбедат основите на мирот“, истакна надбискупот Галагер, прецизирајќи дека мирот „не е само отсуство на конфликт, туку мирно решавање на споровите меѓу народите, со цел да се зачуваат правата на човекот и луѓето, вклучително и правото на слобода на совест и вероисповед“. Собранието ќе заврши в сабота со средба во Ватикан со папата Фрањо.
Ватикан њуз/к.мк