Монсињор Рацингер: Мојот брат донесе исправна одлука

„Верувам дека Бенедикт XVI донесе исправна одлука, кога поради недостаток на сили одлучи да се повлече од Петровата служба“, истакна во интервју неговиот брат, монс. Георг Рацингер.

„Мојот брат не жали за одлуката која ја донесе пред една година. Јасно ја разбра својата улога, а одлуката која ја донесе важи и денес“ истакна монс. Рацингер во опширното интервју со наслов „Мојот брат, Папа“, кое го даде на германскиот новинар Михаел Хесеман.

Потсетувајќи се на 2005 година, кога Јозеф Рацингер на конклавите е избран за Папа, монс. Рацингер рече дека на неговиот брат му падна тешко помислата дека повеќе нема да може да се занимава со теолошките студии. Но, девет години покасно, Бенедикт XVI најде повторно време за своите студии и музика.

„Мојот брат е со одлично здравје, се обидува да има повеќе време за себе за да може во мир да чита, пишува, свири, но неговиот распоред и денес е многу набиен, бидејќи има многу посети“, открива монс. Рацингер.

Двајцата браќа имаат многу блиски контакти, растеле заедно, заедни стапиле во семинарија, но и денес често се сретнуваат.

„Во својата соба имам друг телефон со број кој го знае само мојот брат. Кога ќе заѕвони, тогаш знам дека ме повикува мојот брат, Папа“ – рече монс Рацингер.

Лаудато/го*ко

Категорија: Свет

За авторот