И покрај целосното затворање во Ирак се продолжува со подготовките за посетата на Папата

И покрај целосното затворање во Ирак се продолжува со подготовките за посетата на Папата

Халдејскиот католички патријарх Луис Рафаел I Сако продолжува со консултациите со верското и државното раководство за подготовката на посетата на папата Фрањо во март оваа година.

Патријархот Сако во понеделник 15 февруари 2021 година со претставниците на шиитското умерено политичко крило (al-Hikma) како и со претставникот на Јазидите, а во текот на викендот разговараше и со претседателот на државата Бархам Салих. Премиерот Мустафа ал-Касими го прими пак исто така во понедленикот апостолскиот нунциј во Багдад надбискупот Митју Лесковар.

Во меѓувреме Владата на Ирак наложи затворање на црквите и џамиите заради пораст на бројот на заразени од коронавирусот во последните две седмици. До 8 март воведена е делумна забрана за движење; од понеделник до четврток е дозволено движење по улиците само во текот на денот, а од петок до недела воопшто не смее да се излегува. Во тоа се вклучени и деновите за време на посетата на Папата од 5 до 8 март.

За време на целосното затворање слободно смеат да се движат само безбедносните сили, здравствените работници и работниците во поважните јавни служби, акредитирани медиумски работници и оние кои патуваат поради итни хуманитарни причини. Отворени се само продавниците со прехранбени намирници и аптеките.

Ика/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот