Црквата во Шри Ланка и понатаму бара правда за бомбашките напади на Велигден 2019 година

Црквата во Шри Ланка и понатаму бара правда за бомбашките напади на Велигден 2019 година

Додека христијаните во Шри Ланка одбележуваат четири години од бомбашките напади во 2019 година на Велигден, во кои загинаа 261 лице, локалната црква продолжува да тврди дека се прикрива и бара правда, повикувајќи на меѓународна истрага предводена од Обединетите нации. Сметаме дека пронаоѓањето правда и отк

Дон Џулијан Патрик Перера, секретар на правниот тим на надбискупијата во Коломбо, понуди проценка на напорите на локалната црква да ги пронајде и гони сторителите на бомбашки напади во 2019 година на Велигден.

На 21 април 2019 година, терористички бомбаши нападнаа две католички цркви, евангелско-христијанска црква и три луксузни хотели, како и станбен комплекс и куќа за гости.

Осум бомбаши самоубијци, за кои владата рече дека се поврзани со таканаречената Исламска држава, убија 261 лице во координирани напади.

Кардиналот Малколм Рањит, надбискуп на Коломбо, го доведе во прашање наративот на владата за нападите и постојано повикува на меѓународна истрага.

Во интервју за Vatican News по повод четвртата годишнина од трагедијата, дон Перера жали поради недостигот на правда за бомбашките напади на Велигден во 2019 година, велејќи дека соодветната истрага за целата работа не е завршена.

Тој рече дека се чини дека постојат докази за прикривање, истакнувајќи го отстранувањето на неколку клучни истражители од самиот случај.

Постои своевидна тужба за „замачкување очи“, која се води за околу 25 членови на т.н. терористичко движење. Обвинувањата се многу површни, рече дон Перера, додавајќи дека правните експерти веруваат дека случај кој се состои од 23.000 обивнувања никогаш не може веродостојно да биде изведено пред суд.

Како можете да преиспитате 23.000 обвинувања и вкрстено да испитате толку стотици луѓе? се прашува тој. Така, можете да видите дека има многу јасно прикривање, истакна тој во интервјуто.

Меѓутоа, о. Перера рече дека одреден напредок бил постигнат средината на јануари оваа година кога Врховниот суд на Шри Ланка донесе пресуда за граѓанска небрежност против поранешниот претседател Маитрипала Сирисена и четворица врвни безбедносни функционери за неуспехот да дејствуваат според разузнавачките податоци што укажуваа на можен терористички напад пред самиот бомбашки напад. Тие исто така беа принудени да платат 100 милиони рупии како штета на семејствата на жртвите. (…)

Црквата, исто така, бара дополнителна правна можност за барање меѓународна истрага поддржана од ОН.

Дон Перера неодамна го претстави случајот со црквата во Шри Ланка на 52. Совет за човекови права на Обединетите нации, кој се одржа во Женева од 27 февруари до 4 април. (…)

Дон Перера истакна дека Црквата бара правда не само за католиците, туку и за целото население на Шри Ланка, бидејќи доколку и додека не ги докажеме вистинските виновници, никогаш нема да можеме да бидеме слободна земја.

Христијаните мора да простуваат, а католиците од Шри Ланка сакаат да им простат на оние што ги нападнаа на Велигден 2019 година.

Простуваме рече дон Перера. Сакаме да простиме, но треба да знаеме на кого да простиме. Со Божја милост многу напредувавме и ќе продолжиме понатаму.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот