Папата до воздухопловците: Создадени сме за лет

Папата до воздухопловците: Создадени сме за лет

На празникот Богородица од Лорето на 10 декември 2021 година беше затворен Лауретскиот јубилеј, а Папата по тој повод беше во базиликата Свети Петар од каде  упати посебен поздрав до италијанските воздухопловни сили, кои ја слават својата небесна покровителка.

Јубилејот по повод стогодишнината од прогласувањето на Пресвета Богородица од Лорето за заштитничка на сите воздухопловци нѐ потсети како Бог го создал небото. Набљудувајќи ја бесконечноста на небото, се чувствуваме мали, а во исто време размислуваме и се сеќаваме на Оној што го создал универзумот (сп. Псалм 8), реалност што продолжува да нè воодушевува додека ја откриваме со сè помоќни алатки, рече папата Фрањо.

Небото не потсетува дека и ние сме создадени за лет, не толку во материјална смисла, нагласи тој, туку пред се во духовна смисла. Ние сме деца на Отецот кој ни вели да бидеме свети затоа што Тој е свет. Тоа е како да велиш: летај високо! Не следете ја вашата себичност која ве наведува да се затворите во себе; отворете се пред Бога и другите; дајте простор за слободата, служењето, дарежливоста и вашиот живот ќе биде во лет.

Папата изрази надеж дека војниците на воздухопловните сили ќе им дадат простор посебно на овие вредности во секојдневното при извршување на нивните должности, но пред сѐ во нивниот личен живот – за да има единство помеѓу она што сте и она што го правите, нагласи Папата. За вас, „да се лета високо“ значи да се биде миротворец, да се служи на мирот во воздушните мисии и копнените служби, и дома и во странство, во подрачјата каде има конфликти. Светата куќа во Лорето, додаде Папата, нѐ потсетува дека каде и да сме имаме дом кој ги чува нашите христијански корени и дека имаме Мајка која нѐ штити. Куќата е црквата, а Мајка е Марија. Од неа учиме пред сè за понизноста- патот што води во Небо, рече Светиот Отец во своето обраќање.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот