Молитвено бдение „со цел да се избришат солзите“

Папата Фрањо го предводеше молитвеното бдение на 5 мај 2016 година во базиликата Свети Петар „Бдение за бришење на солзите“. По тој повод во базиликат беше изложен реликвијар на Пресвета Богородица од солзите од Сиракуза.

Господ нè теши. Сите сме повикани да ги утешуваме своите браќа сведочејќи дека само Бог може да ги отстрани причините на трагедиите – напиша папата Фрањо во твит објавен на 5 мај 2016 година на профилот @Pontifex само неколку часа пред молитвеното бдение кое го нарече „за да се избришат солзите“ и кое што ќе го предводи во базиликата Свети Петар.

Избришете ги солзите на оние кои трпат, доверете ги како дар на Господ единствениот кој може плачот да го преобрази во радост. Во тој дух вечерва се одржува молитвеното бдение на кое во центар е утехата на ожалостените, едно од седумте дела на духовното милосрдие кои Папата повика да се извршува посебно во текот на овој вонреден Јубилеј.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот