Молитва на блажениот Иван Павле II за старите родители
Убаво ве молам, љубете ги своите стари родители!
Рацете што се тресат и побелената коса на таткото и наведнати добрите мајки
Брчки на лицата, вени на рацете, избледени уморни очи.
Убаво ве молам, љубете ги своите стари родители!
Помилувајте ја побелената глава, бакнете ги остарените и изранети раце.
Прегрнете ги своите стари родители. Се мачели и тие со вас.
Од срце пружете им љубов, а во старост бидете им поддршка.
Убаво ве молам, љубете ги своите стари родители!
Не одвојувајте ги во мали соби, ниту пак праќајте ги во дом за стари.
Слушнете им го крикот, олеснете им го животот.
Имајте убави зборови за нив и насмевка на лицата на средбата со нив.
Убаво ве молам, љубете ги своите стари родители!
Работеле тие многу за вашиот живот да биде подобар. Тие со радост ве прифатиле кога Бог ве испратил кај нив. Затоа ве молам почитувајте ги своите стари родители! Кога Бог ќе ги повика на вечна почивка ќе остане зад нив празно место. А тоа празно место ти ќе го пополниш затоа што и ти ќе остариш. А сѐ што вие сте правеле на вашите родители, така вашите деца ќе ви возвратат. Затоа ве опоменувам и однапред ве замолувам:
Сакај те и почитувајте си своите стари родители!
Д.И.