Свети апостол Филип

Свети Филип е еден од дванаесетте апостоли. Во Новиот Завет се спомнува повеке пати, најмногу во Евангелието на свети Иван. Исус го нашол Филип во Галилеја: „Врви по мене” (Иван 1,43). Филип тргнал по него.

Филип е од градот Витсаида, од каде биле и апостолите Петар и Андреј. Бил пријател на Иван, апостол и евангелист со кој заедно припаѓале на ученичкиот  круг на Иван Крстител. Филип му кажал на Натанаил дека Исус е ветениот Месија: „Го најдовме Исуса, синот Јосифов од Назарет за кого пишуваше Мојсеј во законот, и пророците” (Иван 1,45). Покасно се спомнува, како некои Грци го барале Исуса и Филип ги одвел кај него. За време на Последната вечера го замолил Исуса: „Господи, покажи ни го Отецот, и доста не е” (Иван 14,8), и после тоа Исус го објаснил единстовто меѓу Бог Отец и Бог Син. Се спомнува петти во пописот на апостолите: „А имињата на дванаесетте апостоли се овие: првиот Симон, наречен Петар, и Андреја, брат негов; Јаков Зеведеев и Јован, брат му; Филип и Вартоломеј, Тома и Матеја, митар, Јаков Алфееев и Левие, наречен Тадеј, Симон Кананеј и Јуда Искариот, кој Го и предаде.” (Матеј 10,2-4)

За животот на Филип може да се најде и во некои христијански документи. Според традицијата Евангелието го проповедал заедно со својата сестра Миријамна и апостол Вартоломеј во Грција, Фригија и Сирија. Бил оженет и имал три керки.

Последните години од животот ги поминал во Хиераполис. Жената на проконзулот го примила христијанството и оздравела после средбата со Филип. Заради тоа се мачени апостолите Филип и Вартоломеј и сестрата на Филип Миријамна. Апостолите се распнати на крст со нозете нагоре. Филип проповедал од крстот и народот го ослободил Вартоломеј, а Филип инсистирал него да го остават и така умрел на крстот. Ќерките на Филип продолжиле да го проповедат Христовото учење.

Моштите на Свети Филип подоцна биле префрлени во Рим.

Превод: сестри Евхаристинки – Гевгелија

Категорија: духовнитекстови

За авторот