Млади од Македонија на формација за аниматори „Млади за младите“ во Сараево

На 27 ноември 2015 во утринските часови осум млади од Скопската бискупија и Апостолскиот егзархат во Македонија отпатуваа во Сараево на формација за аниматори „Млади за младите“ во организација на надбискупскиот центар за пасторал со млади „Иван Павле II“.

Екипата од Македонија ќе присуствува на четири викенд средби во текот на академската година и на седумдневната летна специјализација. Младите со радосни срца го прифатија овој проект со желба дека искуството од учествувањето на формацијата за аниматори ќе ги оспособи за пасторална работа и организирање на средби за млади и растењето во верата.

Младите се благодарни на благословот на месниот бискуп монс. Киро Стојанов која ја искажа својата поддршка на младите во остварување на оваа ново искуство. Бидејќи веќе имаа убаво искуство од средбата со Надбискупскиот Центар за Млади „Иван Павле II“, младите од Македонија се благодарни на Центарот на чие чело е дон Шимон Маришиќ, кој на средбата со бискупот Стојанов во април 2014 изрази спремност НЦМ да го сподели искуството на работа во пасторалот со младите во малата Црква во Македонија.

Дон Давор Топиќ

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Македонија

За авторот