Мисијата Ад Гентес во Куманово

Посланието кое го правиме не доаѓа од нас, туку од целата Црква

„Важно е да се виде дека ова послание доаѓа од Господ. Ние не сме луѓе кои се херои, кои сме силни, па сега да се правиме важни. Тука сме најпрво од благодарност кон Бог“ – вели свештеникот Хуан Емануел Кастро Ернандез (39), кој со семејствата во послание делува во Мисијата Ад Гентес во Куманово, во Македонија. Овој свештеник во својата личност ги спојува ведрината и сериозноста и со задоволство прифатил, односно ја благословува желбата во Вас, почитувани читатели, конкретно да претстави една каризма на Црквата во современиот свет, по делувањето на семејствата кои ги оставија своите постојани живеалишта и работни места и отидоа во послание да ја подигаат Христовата Црква. „Ако го гледате нашиот живот, Господ нас нè откупи, спаси, и затоа нè „гони“ да навестуваме на другите дека Бог постои, дека Тој е љубов. Тој го љуби човекот. Ние тоа го искусивме во нашиот живот и затоа го прифативме ова послание. Не како херои, како луѓе кои сакаат да го преобратат Куманово или Македонија, туку како дел на посланието, како што и Христос им вели на апостолите: „Па така и вие, откако ќе исполните сè што ви е заповедано, речете: ‚Ние сме слуги бесполезни“. Така и ние во ова послание сме слуги со кои Господ се послужува да може да ја навести својата љубов и луѓето да го запознаат Него“ – вели Хуан.

Повторно да се роди Црква

Свештенникот Хуан е роден во Колумбија, а свештеник е веќе шест и пол години. Во Македонија е две години. Студирал во Мисионерската еминарија Редемторис Матер во Пула. Во оваа семинарија дел од формацијата е мисионерска. По петтата година студии во семинаријата, како богослови одат во мисија, една или две години, каде што ќе ги испрати Црквата. „Ние сме свештеници на Епископот, но имаме мисионерски нагон, мисионерски жар. Припаѓам на Поречко-Пулската епархија. После четири години служење како парохиски викар во Пореч, епископот ми дозволи да одам во послание, во мисија. Бев во Италија на една конвивенција со Кико Аргуељо од каде бев испратен во Куманово, во мисија „Ад Гентес“ – вели Хуан. Има полно места каде нема Црква или истата го загубила своето делување, каде нема доволно католици, па така се роди Мисија Ад Гентес (Missio Ad Gentes). Тоа е implantacia Ecclesia, на латински, а значи да се пресади црква. „Таму каде нема Црква, доаѓа ова послание. Еден свештеник со богослови, сестри, семејства со деца, и така Црквата повторно се раѓа. Пред се, со нашето сведочење. Повикот, јас како свештеник и овие семејства во послание е „врзан“ со Неокатекуменскиот пат. Без него не може да се разбере ова послание. Ова послание значи да се сведочи за Христос со својот живот. Христос им рече на апосотлите: „Љубете се еден со друг: како што Јас ве возљубив, така и вие да се љубите еден со друг. По тоа ќе познаат сите дека сте Мои ученици“. За ова се работи. Дека ние тука сме заедница на луѓе кои се љубат во димензија на крстот, како што Христос ги љубеше апостолите и ја покажуваше таа љубов. Тоа се знаци кои денес можат да го привлечат човекот кон вера“ – вели свештеникот Хуан.

 Нов почеток по 50 години

Во Куманово поголемиот дел од населението е православно, но има муслимани, Роми. Нема вера. „Треба да се дадат знаците на вера. Кој се тоа знаци на вера? Љубов во димензија на крстот и единство. Ние сме мала заедница која го живее Неокатекуменскиот пат и малку по малку стануваме знак за луѓето. Не правиме некои огромни работи, туку овде го живееме нашиот христијански живот, ако луѓето видат дека сме заедница на луѓе кои вистински се љубат, иако сме различни. Јас сум од Колумбија, Фабрицио Виторио, богослов на осма година во семинаријата Редемторис Матер е од Рим, семејствата се од Задар, Загреб, доаѓат и млади од семинаријата од Пула, и сите се од различни места и држави – ако Господ дава да ние можеме да се љубиме и бидеме едно тело, Црква како знак, тоа ќе ги привлече луѓето. Гледаме како луѓето се прашуват: „Зошто дојдовте, зошто ти како свештеник го напушти Пореч, убаво место, за да дојдеш во Куманово? Овде немаш ништо, немаш ниту плата“. Тоа е повик од Господ. Ние не сме херои, тоа е повик и дар од Господа кој ни го даде преку Патот“ – вели Хуан. Дали чувствуваш некогаш осаменост во таквиот начин на живеење? „Гледам дека тоа послание пред се е помош за мене како свештеник. Пореч, каде што бев парохиски викар, е голема парохија. Таму имав многу работа, литургии, веронаука, многу од тоа, скоро секој ден погреб. Но во таа голема активност како малку да ја изгубив врската со Господ, со Христос. Овде, иако наизлед пустина, дека немам многу работа, духовниот живот е побогат. Имам повеќе време за молитва, да можам да медитирам, да се молам пред Светото хранилиште. Тоа ми дава сила за ова послание. Без тоа, без таа интензивност со Христа, ниту јас, ниту било кој од нас би бил овде. Гледаме дека Христос ни помага. Ни дава сила за ова послание. Христос го води ова послание како Тој што сака. Ова послание пред се е помош за нас. Иако и пред тоа во парохијата молев, тоа некако стана рутински. И јас свештеник, како човек грешам. И тогаш, ако не сум со Христос, ако не барам од Господ сила и милост, ќе правам нешто друго“ – рече Хуан. На неделната литургија која се слави во капелата во Куманово се собираат луѓе, меѓу кои има некои Хрвати, некои Македонци, полно се од мешани бракови, деца чии родители, татко или мајка биле католици… „Кога слушнаа дека сме овде, ми се јавија дека ќе доаѓаат на литургија во 11 часот. Католичката Црква во Куманово не беше присутна педесет години. Пред педесет години овде еднаш месечно доаѓаше службено свештеник кој живееше во Скопје. Педесет години овде немаше ништо. Ние дојдовме да започнеме од почеток“ – вели Хуан.

Тоа што сте католици, не смее да биде никаков проблем да ве отфрлуват

Како случи тоа да свештеник и семејства дојдат токму во Куманово? „Тоа е таинство. Ние овде не дојдовме сами по своја волја, по своја желба, туку тоа е повик кој конкретно се прави преку епископот, прво епископот мора да прифати. Без епископот нема ништо, го нема ова послание. Одговорните на Неокатекуменскиот пат дојдоа да разговарат со епископот и бараа место каде би можело да се отпочне со ваквото послание. Тогаш епископот рече „Куманово“. Зошто запозна некои луѓе од Куманово кои почнаа да одат кај него во Скопје, бараа да примат разни свети тајни, крштение, причест, венчание… Го имаше во вид овој град и затоа нè испрати во Куманово“ – вели Хуан. Никогаш како католици немавме проблем со цивилните власти, ниту пак некој не има одбиено за нешто. „Дури бев и кај градоначалникот на Куманово кој рече дека не смее да има проблеми поради верата. Рече: Ако има било каков проблем поради религијата, ние веднаш ќе интервенираме, зошто не смее да има никаков проблем поради што сте католици за да ве отфрлат“ Господ оди пред нас, тоа е сигурно. Ние сме сигурни во тој Бог што оди пред нас и со нас. Тој оди пред нас и ни ги отвара патиштата да може да се исполни Неговата волја и оваа мисија да оди напред“ – вели Хуан.

Капела Свети Иван Крстител

Капелата во која се собираат на богослужба и славења, некогаш беше простор на фабриката за чевли. Убава симболика за Божјите пешаци кои во Неговите чевли на Провидноста и благословот сега подигат Црква. Тој простор со несебично залагање и работа, во достоинствен богослужбен простор го уредија семејствата кои се во послание. „Баравме стан за мене и богословите. Планиравме да можеме да дојдеме до просторија која ќе ја уредиме како капела, за да почнеме со литургија. И Бог ја превиди токму оваа куќа. Баравме околу две недели. Прво мислевме да биде одвоено, една куќа во која би живееле, и втора за капела. Но Господ провиде сè да биде во таа куќа каде што сме сега. И тогаш ја уредивме, немаше ништо. Господ навистина провидуваше, преку луѓето од Скопје, преку други, полно луѓе ни помогнаа. Ни дадоа мебел, знаеа дека немаме ништо“ – со благодарност зборува Хуан. Капелата е посветена на свети Иван Крстител. „Кога дојдовме, со мене дојдоа и двајца богослови, Иван Чапалија од Загреб и Иван Младинео од Сплит. Сега се во семинариите во Фиренца и Рим. И двајцата се викаа Иван, а јас сум Хуан, што исто така значи Иван. Кога скопскиот епископ Киро Стојанов виде дека сите тројца кои живееме овде сме Иван, рече: „Нема што да се мислиме, капелата ќе ја посветиме на свети Иван Крстител“. Епископот со радост ги прифаќа нашите покани, често нè посетува. Имаме голема подршка од него“ – вели Хуан.

Црква – мајка која ме љуби

Свештениците пред да започне мисијата Ад Гентес и семејствата во посланието имаа средба со Папата. „Дел на посланието е да покажеме таму каде сме дојдени дека ова не е послание кое доаѓа од нас, туку од целата Црква. Папата нас нè испрати. Имав голема милост лично да бидам кај папата Бенедикт XVI, и во јануари 2010 година го примив крстот на послание од Папата. Ние сме мисионери на располагање за било каде. Два пати годишно во Италија имаме конвивенции со иницијаторите на Патот кои се одговорни за ова послание. Постојат и Декрети кои ги потпишаа епископот и иницијаторот на Неокатекуменскиот пат: Кико Аргуељо, Кармен Хернандез и отец Марио Пеци. Тие ги потпишаа декретите и тие се одговорни за нас. Ако Кико утре види дека има потреба да ме испрати на друго место, може да ме испрати, а тука ќе испрати друг свештеник и други семејства. Со овој договор тој стана одговорен дека тука ќе испрати друг свештеник и други семејства. Зошто никој не е сигурен во ова послание. Ако некој влезе во некоја криза, има потешкотии и мора да се врати дома, тогаш Кико ќе испрати друго семејство или свештеник како ова послание секогаш биде биде присутно тука“ – објаснува Хуан. Притоа истакнува дека целиот свет има потреба од навестување на евангелието. Секаде се гледа криза на верата, и кај луѓето кои се нарекуваат католици. Посланието кое овде го правиме е послание во целиот свет. Во сите документи на Црквата се зборува за Нова евангелизација, за тоа дека секаде е потребно да се евангелизира, во Европа, Америка, Африка, на сите континенти е потребна евангелизација. Човекот поради секуларизмот ја изгуби верата. „Фала на Бог што надахнува каризми во Црквата за да може да се евангелизира“ – зборува Хуан, и продолжува: „За мене Црквата е мајка која ме љуби. Во Црквата ја открив Божјата љубов. Бог преку Црквата го спаси мојот живот. Ме обнови и ми даде нов живот. Без Црква човек тешко може да живее. Да бидеме будни и да го очекуваме Христос. Не да се плашиме од Христовото доаѓање, туку да го исчекуваме. Да го отвориме срцето и нашиот живот, за да може Христос да влезе. Тој доаѓа да нè исполни со радост, љубов и мир. Тоа е најдоброто за секој човек. Тоа го посакувам на сите, кои ќе ги читате овие текстови за нас. Да би можеле да го примат Христа, да ги отворат своите врати за Христос ширум, како што тоа го рече папата Иван Павле II – за Христос кој ќе дојде, влезе и даде радост и љубов“.

Преземено од: Laudato.hr

Превод: И.П.

Категорија: Македонија

За авторот

Write a Comment

<