Мирот главна тема на адвентските проповеди во Папскиот дом

Мир ви давам, мирот како Божји дар во Исус Христос – е насловот на првата адвентска проповед која ја одржа проповедникот на Папскиот дом, капуцинот Раниеро Канталамеса, во капелата Редемпторис Матер во Апостолската палата, на која присуствуваше и папата Фрањо. Адвентските проповеди оваа година се на тема: Мир на љуѓето, возљубени од Бог, а ќе се одржуваат секој петок во времетона Адвент.

Кога зборуваме за мирот речиси секогаш помислуваме на хорозонталниот мир: меѓу народите, расите, општествените класи, религиите. Словото Божјо нè учи дека првиот и важниот мир е оној вертикалниот, помеѓу небото и земјата, помеѓу Бог и човештвото. Од него зависат сите други облици на мир, истакна отец Канталамеса. Почнувајќи од човековите потреби за мир после прародителскиот грев, Бог преку привремените завети го подготвувал новиот и вечниот завет на мирот, кој ќе се прошири од Сион и од Ерусалим на сите луѓе. Исполнувањето на Божјото ветување за мир е Христос – потсети проповедникот.

Мирот го примаме преку оправдувањето, а оправдувањето доаѓа преку Христовата жртва на крстот. Мирот е самата содржина на оправдувањето – не само одземањето на гревот, туку и дарувањето на Светиот Дух и со тоа благодатта и мирот, објасни отец Канталамеса. Исусовата жртва е поинаква од останатите религиски жртви со кои луѓето се обидуваат со пренесувањето да го смират гневниот Бог. Во Исусовиот случај се работи за Бог Кој делува за да би се откажал човекот од своето непријателство кон Него.

Мирот кој Исус го стекнал со својата смрт на крстот станува во нас ефикасен преку Светиот Дух – продолжи проповедникот на Папскиот дом. За разлика од старите политеистички религии кои речиси секогаш зборуваат за трајна состојба на непријателство помеѓу божествата, во христијанството конечниот извор на мирот е само Тројството. Исус на своите ученици им предава нешто од тој мир Божји, кои ние го примаме на крштението.

Една од причините за отуѓување на современиот човек од религијата и верата негова е искривената слика за Бог, продолжи отец Канталамеса. А тоа е и причината за потрошеното христијанство кое се живее повеќе како должност отколку како дар. (…) Воопшто, Бог се гледа како Врховно битие кое се наметнува од надвор. Прекршувањето на Неговите закони воведува неред кој бара оштета, која е повод за божествениот суд. Таквата слика води сфаќањето за условен однос со Бог: неговата великодушност и љубов зависи од љубовта и простувањето кои јас ги искажувам на другите.

Говорот за собирањето заслуги за да се добие рајот и давање голема важност на напорите, работите да се направат, литургиите да се слават, свеќите да се запалат, деветници да се направт – рече отец Канталамеса – иако сето тоа треба да се почитува и не смее да се отфрли, може сепак да даде повод за пад во утилитаристички религии. Светиот Дух нè учи да гледаме на Бог со нови очи, како Бог на законите, сигурно, но пред сè како на Бог на љубовта и милосрдието во кое откриваме пред сè нежен Отец, рече проповедникот на Папскиот дом и препорача да се прашаме: Какво е  сфаќањето за Бог Отецот во моето срце?

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот