Повикот кој Бог го упатува до секој од нас е дар кој исполнува со радост

Повикот кој Бог го упатува до секој од нас е дар кој исполнува со радост

Повикот кој Бог го упатува до секој од нас е дар кој исполнува со радост – истакна папата Фрањо во твитер пораката по повод 55 Светски ден на молитва за духовни звања.

А како што напомена во пораката за спомнатиот ден „Господ и понатаму повикува да Го следиме. Не смееме да чекаме да бидеме совршени за да одговориме со своето великодушно „да“, ниту да се плашиме од своите ограничувања и од своите гревови. Мораме напротив да ги отвориме своите срца за Господовиот глас. Мораме да го слушаме тој глас, да го препознаеме своето лично послание во Црквата и светот и на крајот да го живееме во денешниот час кој Бог ни го дава“ – пишува меѓу останатото Светиот Отец.

Својата пак втора твитер порака ја посвети на нашиот заеднички дом затоа што на 22 април се одбележува Денот на планетата земја. Папата Фрањо поттикна да го следиме примерот на свети Фрањо Асишки: Да се грижиме за нашиот заеднички дом. Потсетуваме дека Светиот Отец во својата втора енциклика насловена „Laudato si’“ посветува теми за нашиот заеднички живот. Папата во тој документ истакнува дека целосната екологија треба да стане нова парадигма за праведоста, затоа што природата не е „само рамка“ на човечкиот живот. Исто така рече дека во целосната екологија како нова парадигма за праведноста е неразделна грижата за природата, праведноста кон сиромашните и општетсвената ангажираност.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот