И ова лето Папата Фрањо нема да оди на одмор, ниту на море, ниту на планина. Сепак Папата, кој идниот декември ќе наполни 81 години, ќе има летна пауза и ќе ги редуцира своите јавни настапи.
Како што соопшти ватиканскиот прес-центар, во текот на месец јули нема да има Генерални аудиенции Средбите во среда на Папата со верниците и поклониците ќе започнат повторно во август, но поради големите жештини нема да се одржуваат на плоштадот „Свети Петар”, туку во салата „Павле VI”.
Утринските Литургии на папата Фрањо во капелата на домот „Света Марта” исто така нема да бидат јавни. Според информациите од Ватикан, јавниот карактер на светите Литургии од капелата на домот „Света Марта“ ќе започнат во месец септември.
Единствените јавни средби остануваат неделните обраќања и Неделната молитва Ангел Господов во неделите (како и на 15. август), во 12.00 часот.
За сега во месеците јули и август не е предвидено патување на Папата. Апостолското патување во Колумбија е потврдено, кое според програмата е предвидено од 6 до 11 септември годинава.
РВ/к.мк