Месец мај посветен на Пресвета Богородица

Денес, 1 мај започнува месецот кој е посветен на Пресвета Богородица. Во овој месец на посебен начин христијаните се ставаат под заштита на Пресвета Богородица преку своите молитви и тоа молејќи Света Бројница или молебен до Пресвета Богородица.

Светата Бројаница е едноставна и длабока молитва, која според традицијата своите почетоци ги има во 12 век, во доминиканска средина, а за неа секогаш се заземаат и папите. Говорејќи за Радио Ватикан, кардинал Абрили Сантос и Кастељо, архипрезвитер во папската базилика Света Марија Велика, рече дека е познато како Бројаница во науката на многу папи има добиено многу пофалби поради размислувањата за таинствата кои се наменети за таа молитва. Поради тоа Богородица ја земаме за Учителка, која нѐ следи на нашиот пат, за да можеме одблизу да го следиме Господ – рече кардиналот.

Осврнувајќи се на маријанската димензија која е многу присутна и кај папата Фрањо, кардиналот истакна дека Светиот Отец негува многу длабока побожност кон Богородица, и се присети како папата Фрањо, истата вечер кога беше избран за папа му рече: „Утре би сакал да ја посетам Богородица и целото мое папство да го ставам под нејзина заштита“. До сега седум пати дојде во базиликата Света Марија Велика и секогаш ми вели дека доаѓа со задоволство, бидејќи во Марија гледа водителка и надахнување за своето делување – напомна кардинал Абрил и Кастељо.

Молењето на Бројаница во семејството – говореше свети Иван Павле II – го обединува семејството. Тоа е вистина – истакна кардиналот – бидејќи да се види собрано семејството, каде родителите и децата знаат да бидат соединети во молитвата и молат за сите потреби, за потребите на своето семејство и на оние други семејства. Тоа е потребно за да се зајакнат единството помеѓу родителите и децата, но исто така е и начин со кој се помага личниот раст на членовите од семејството, а и на самото семејство кое е наречено „домашна Црква„. А сето тоа ја изградува општата Црква – рече кардиналот.

На прашање на новинарот што би им советувал на оние кои имаат потешкотии при молењето на Бројаницата, зашто ја сметаат за монотона, бидејќи се повторува, кардиналот рече за да се сврти повеќе внимание при размислувањето на таинството, корисно е на почетокот на секое таинство да се одреди некоја накана, на пример: „Ова таинство е за татко ми“ или за членовите на семејството, за некое дете или пак за некоја друга накана, ширејќи го погледот кон целата Црква.

Во таа смисла – додаде кардиналот – треба посебно да молиме за Светиот Отец за неговиот план за реформи за да му помогне Господ во тоа. Мислам дека одредувањето на некоја накана на почетокот на таинството е начин молитвата да не биде само автоматско повторување, туку да стане молитва со посебна црковна или семејна накана, која може да привлече внимание и да се задржи, со цел молитвата да биде ревна – рече архипрезвитерот на папската базилика Света Марија Велика, Сантос Абрил и Кастељо.

РВ/го*ко

Категорија: Свет

За авторот