Кардинал Пуљиќ служеше света Литургија на Младифест во Меѓугорје

Кардинал Пуљиќ служеше света Литургија на Младифест во Меѓугорје

На петтиот ден од 31. Меѓународен молитвен фестивал ма млади во Меѓугорје, на 5 август во вечерните часови свечена света Литургија ја предводеше кардинал Винко Пуљиќ, врхбосански надбискуп.

Со него сослужуваа: Апостолскиот нунциј во БиХ, надбискупот Луиџи Пезуто, Апостолскиот визитатор за парохијата Меѓугорје, надбискупот Хенрик Хосер, провинцијалот на Херцеговската фрањевска провинција фра Миљенко Штеко, парохот на Меѓугорје фра Маринко Шакота и уште 61 свештеник од разни делови на светот.

Во пригодната проповед кардинал Пуљиќ меѓу другото ги наброја причините поради кои бројни млади доаѓаат во ова херцеговско место при што истакна дека тука можат да се исповедаат, да пронајдат мир за душата, да го препознаат секој човек како свој сопатник… „Сѐ што барате ќе пронајдете кај Исус, Марија ќе ве поведе таму.

Овогодинешниот молитвен фестивал на млади ќе заврши на 6 август со света Литургија на ридот Крижевац.

Недјелја/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот