Михаел Ландау нов претседател на Каритас Европа

Михаел Ландау нов претседател на Каритас Европа

На регионалната конференција на Каритас Европа одржана во вторник 19 мај за нов претседател е избран претседателот на Австрискиот и Виенскиот Каритас Михаел Ландау.

Ландау, е свештеник во Виенската надбискупија, таа служба ја наследува од пензионираниот бискуп Гент Лука Ван Лој, кој пет години ја водеше таа европска установа. Во изјавата по изборот на Ландау истакна дека “актуелната пандемија на коронавирус јасно покажува колку е важно да се бара, да се гради и да се зајакне тоа што е заедничко внатре во Европа, како меѓу одделни држави така и меѓу членките на Каритас Европа”.

Заедништво, солидарност и љубов кон ближните не се само во срцето на Европа туку се приоритет на Каритас, истакна Ландау, кој на чело на Виенската надбискупија е од 1995 година, а на Австрискиот Каритас од 2013 година. Како најважна задача на Каритас, Ландау ја истакна борбата против пандемијата, залагајќи се за сиромашните и гладните ширум светот и против климатските промени „што можат да се постигнат само заедно. Каритас посебно мора да се бори против денешната здравствена криза за да не стане утрешна социјална криза”.

Досегашниот претседател бискупот Ван Лој во прошталниот говор истакна дека „земјите членки не треба да се грижат само за луѓето во близина, туку да се поврзат со остатокот од човечкото семејство, со сите  оние што ќе дојдат после нас”.

Поради ограничените можности за патување регионалната конференција беше одржана преку видео. Следната конференција ќе се одржи во мај 2021 година во Андора. Европа е една од вкупно седумте региони на Caritas Internationalis.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот