Медицинска станица за бездомници на плоштадот Свети Петар
Италијанското здружение „Солидарна медицина“ се заблагодари на Светиот Отец за просториите за давање здравствена заштита на бездомниците и луѓето во потреба, кои овие денови се отворени кај колонадата на плоштадот Свети Петар. „Благодарни сме на папата Фрањо што уште еднаш дава конкретен знак на милосрдие за бездомниците и оние во потреба на плоштадот Свети Петар“ – рече раководителката на здружението, Луција Ерколи.
Таа објасни дека на новата медицинска станица ќе работат лекари од здружението „Солидарна медицина“ кои со задоволство го „прифатија овој нов предизивик“, кој на „идеален начин ја комнбинира“ работата на лекарот со „срцето на христијанството“. Ерколи рече дека треба уште многу да се направи – посебно во римските преградија, но новиот медицински простор на плоштадот Свети Петар го нарече „знак на голема надеж“.
РВ/к.мк/го*ко