Папата Фрањо ги објави имињата на 14 нови кардинали

Папата Фрањо ги објави имињата на 14 нови кардинали

По завршувањето на молитвата Царице небеснa на 20 мај 2018 година, Папата најави дека на 29 јуни ќе се одржи конзисторумј на кој ќе именува 14 нови кардинали.

По завршувањето на молитвата Царице небесна, Папата најави дека на 29 јуни ќе се одржи конзисториум на кој ќе именува 14 нови кардинали, меѓу кои се: Луис Рафаел Сако, халдејски католички патријарх, надбискуп Луис Ладарија префект на Конгрегацијата за наука на верата; надбискуп Анџело Де Донатис генерален викар на Рим; и надбискуп Џовани Анџело Бекиу заменик за општи работи во Државниот секретаријат и специјален претставник за Современиот малтешки витешки ред.

Целосниот список со имињата на новите кардинали::

  1. Луис Рафаел Сако, халдејски католички патријарх;
  2. Надбискуп Луис Ладарија, префект на Конгрегацијата за наука на верата;
  3. Надбискуп Анџело Де Донатис, генерален викар на Рим;
  4. Надбискуп Џовани Анџело Бекиу заменик за општи работи во Државниот секретаријат и специјален претставник за Современиот малтешки витешки ред;
  5. Надбискуп Конрад Крајевски, Папски делител на милостиња;
  6. Монс. Јосиф Коутс, архиепископ на Карачи (Пакистан)
  7. Монс. Антонио дос Сантос Марто, епископ на Леирија-Фатима (Португалија) ;
  8. Монс. Педро Барето, архиепископ на Уанкајо (Перу)
  9. Монс. Дезире Тсарахазана, архиепископ на Тоамасина (Мадагаскар);
  10. Монс. Џузепе Петрочи, архиепископ на дијацезата Аквила (Италија);
  11. Монс. Томас Аквинас Ману, надбискуп на дијацезата Осака (Јапонија).

Папата заедно со нов во Кардиналскиот колегиум ќе придружи и еден надбискуп, еден епископ и еден монах кои се истакнале заради своето служење во Црквата:

  1. Монс. Серхио Обесо Ривера, надбискуп емиритус на дијацезата Халапа (Мексико);
  2. Монс. Торибио Тикона Порчо, епископ емиритус на дијацезата Корокоро (Боливија)
  3. Аквилино Бокос Мерино, член на мисионерската дружба на Синовите на Безгрешното Срце на Марија (кларетинци).

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот