Лурд: Вистинско место на молитва
Каде се наоѓа Лурд?
Лурд се наоѓа во јужна Франција под Пиринеите близу до границата со Шпанија. Денес е најпознатото Богородично светилиште во светот. Вистинско место на молитва. Го посетуваат околу 6 милиони поклоници годишно. Иако е познато дека Црквата не дава лесно позитивен суд за можни укажуваобјавиња, ни изгледа дека Богородичното објавување во Лурд брзо е признато како веродостојно, само четири години по завршувањето на објавите. И Црквата не згрешила. Пресвета Богородица сакала само да го потврди она што Црквата односно папата Пио IX четири години порано го утврди дека Блажена Дева Марија без грев е зачната.
Пораките на Лурд се нарекуваат гестови и зборови кои меѓусебно ги размениле Богородица и Бернадета во текот на 18 објави, од 11 февруари 1858 година до 16 јуни 1858 година.
Бернадета Субиру е родена на 7 јануари 1844 година како најстара од седумте деца во семејството Субирус. Иако нејзиното име значи „силна како мечка“ била слаба и боледувала од астма. На 11 февруари 1858 година Бернадета со својата сестра Тонко и нејзината пријателска Жан Абадие отишле кон пештерата да бараат суви дрвја за огрев. Се упатиле кон местото каде што каналот ја спојува реката Гаве. Пристигнале пред Масабиелската пештера. Еве како Бернадета го опишува настанот: „Кога моите придружнички поминаат на другата страна почнаа да плачат. Ги прашав зошто плачат, ми одговорија затоа што водата е ладна. Ги замолив да фрлат неколку камења за да не морам да ги соблекувам чорапите и обувките, а тие ми одговорија дека тоа мора сама да го направам. Отидов малку понатаму да погледнам дали е можно на друго место да поминам. Но, не беше можно. Се вратив кон пештерата и едвај го соблеков првиот чорап слушнав шум како ветар. Ја свртев главата кон ливадата. Видов дека дрвјата воопшто не се помрднуваат. Тогаш продолжив да го соблекувам другиот чорап. Го слушнав истиот шум уште еднаш. Ја подигнав главата и погледнав кон пештерата. Забележав во бело облечена Госпоѓа. Носеше бела облека, син појас, имаше бел вел на главата и по една жолта роза во боја на ланчето на нејзината бројаница на двете нозе. Зрнцата на нејзината бројаница беа бели. Госпоѓата ми даде знак да се приближам . Ми беше страв, немав доверба. Мислев дека се лажам. Ги триев очите. Беше залудно. Повторно погледнував и повторно ја гледав истата Госпоѓа. Тогаш ја земав мојата бројаница од џебот. Сакав да се прекрстам, но не можев да ја подигнам раката до челото, уште повеќе се исплашив, но не побегнав. Госпоѓата ја зеде бројаницата која ја имаше во рацете и го направи знакот на крстот. Мојата рака трепереше. Стравот попушташе. Повторно ја земав својата бројаница. Се обидов и јас да се прекрстам и ми успеа. И штом тоа го направив бев целосно мирна. Клекнав и ми мрдаа пристите низ бројаницата, но секогаш ја имав пред очите оваа прекрасна Госпоѓа. Кога завршив со Бројаницата Госпоѓата ми даде знак да ѝ пристапам, но не се осмелив и секогаш стоев на истото место. На тоа Појавата изненадно исчезна.“
Во недела (18 февруари 1858) се случила втората објава, после светата Литургија. Бернадета понела со себе и благословена вода за да ја попрска Појавата доколку се појави. Додека ја завршувала првата десетка од бројаницата Бернадета ја видела Госпоѓата. Започнала да ја прска со благословената вода. Ја молела да остане ако е од Бог, а ако не, да си оди. „Започна да се смее. Колку повеќе ја прскав таа повеќе се смееше. И главата ја наведна, а јас уште повеќе ја прскав сѐ додека не го испразнив шишето. И продолжив да молам бројаница. Кога ја завршив бројаницата таа исчезна.“
Третата објава беше на 18 февруари 1858 година. Прв пат Госпоѓата започнала да зборува. Бернадета и понудила хартија и пенкало за да си го напише своето име. Госпоѓата и кажала: „Не е потребно“ и додала: „Не ти ветувам дека ќе те направам среќна на овој свет, туку на другиот. Ќе бидеш ли добра да доаѓаш 14 дена?“ Четвртата објава било на 19 февруари 1858 година. Објавата била кратка и во тишина. Петата објава во сабота на 20 февруари 1858 година било во тишина. Госпоѓата ја учела Бернадета да моли. Шестата објвава во недела на 21 февруари 1858 година Госпоѓата и се објавила на Бернадета рано наутро. Со неа дошле и стотина луѓе. Седмата објава, вторник 23 февруари 1858 година: Госпоѓата и открива една тајна само за неа. Осмата објава, среда 24 февруари 1958: Пораката на Госпоѓата е: „ПОКОРА! ПОКОРА! ПОКОРА! Моли го Бог за грешниците! Бакни ја земјата како покора за грешниците!“ За деветата објава во четврток на 25 февруари 1858 година: „Таа ми рече да одам да пијам од изворот. Најдов само малку валкана вода. Се обидов да се напијам. И Таа ме поттика да јадам трева која се наоѓаше во близина на изворот. Потоа Појавата исчезна. Пред мноштвото луѓе некој рече: „Знаеш ли дека те сметаат за луда кога правиш вакви работи?“ Таа на тоа одговорила: „Тоа е за грешниците.“ На десетата објава на 27 февруари 1858 година Госпоѓата не зборува ништо. Бернадета пие вода од изворот и ги изврушува вообичаените гестови на покора. На единаесетата објава недела, 28 февруари 1858 година биле присутни повеќе од 1000 луѓе. Бернадета моли, ја бакнува земјата и оди на колена како знак на покора. Потоа е одведена кај судија каде што и се заканува затвор. На дванесетата објава, 1 март 1858 година (понеделник) се случува првото чудо кога Катерина Латапие ја натопила повреденатарака во изворската вода. Почувствувала движење во својата рака. Тринаесета објава вторник 2 март 1858: ПОРАКА ЗА СВЕШТЕНИЦИТЕ. Мноштвото народ се зголемувало. Госпоѓата и заповедала: „Оди и кажи и на свештениците овде да доаѓаат во процесија и да изградат една капела.“ Бернадета тоа го кажала на парохот на Лурд Пеирамале. Тој не сакал ништо друго да знае освен една работа: Името на Госпоѓата. Тој бара и повеќе од тоа да расцвета едната или двете ружи во пештерата среде зима. На четиринаесетата и петнааесетата објава Бернадета ја прашува Госпоѓата за нејзиното име, но како одговор добива само една насмевка.
На шеснаесетата објава на 25 март 1858 година Појавата најпосле го открива своето име, но ружите на кои ги става своите нозе за време на објавата не расцветале. Бернадета раскажува: „СКЛОПУВАЈЌИ ГИ РАЦЕТЕ ВО ЗНАК НА МОЛИТВА КОИ БЕА ИСПРУЖЕНИ И ОТВОРЕНИ КОН ЗЕМЈАТА ТАА ГИ ПОДИГНА СВОИТЕ ОЧИ КОН НЕБОТО И МИ РЕЧЕ: „QUE SOY ERA IMMACULADA CO UNCEPCIOU“ (ЈАС СУМ БЕЗГРЕШНО ЗАЧНАТА)
Младата Бернадета трчајќи заминува и постојано ги повторува во себе зборовите кои самата не ги разбира. Тие зборови го збунуваат парохот.
На седумнаесетата објава 7 април 1858 година Бернадета држела запалена свеќа во рацете. Пламенот од свеќата подолго време и ја допирала раката, но не ја изгорела. На осумнаесетата објава четврток 16 јуни 1858 Бернадета чувствувала таинствен повик да оди во пештерата, но пристапот бил забранет. Таа оди од другата страна на реката Гаве. „Ми изгледаше дека сум пред пештерата на иста одалеченост како секој пат, ја видов само Девицата, никогаш не сум ја видела толку убава!“
Службено признавање на објавите
Кога влегувате во базиликата Безгрешно Зачнување на десната страна на мермер е врежена свечената изјава на епископот Лоренс: „Ние пресудуваме дека Безгршна Марија Мајка Божја навистина се објавила на Бернадета Субирус на 11 февруари 1858 година и во деновите кои следуваат 18 пати во пештерата во Масабиеле близу до местото Лурд; ова објава е вистина и верниците можат да веруваат, нашиот суд понизно го препуштаме на Светиот Отец кој управува со Сеопштата Црква.“ Четири години по укажувањата на 18 јануари 1862 година се признати за автентични, во име на Црквата. (…)
Што се случило со Бернадета?
Од 4 до 7 јуни 1866 година Бернадета патува за Неверс. Тоа е нејзиното прво и последно патување кога ги напушта своите Пиринеи. Ја покрива главата со мала капа и ја облекува облеката за постулантка. Рекла дека доаѓа за да се „сокрие“. И било тешко да го напушти својот крај. Ќе каже: „Таа е најголемата жртва во мојот живот.“ „Мојата мисија во Лурд е завршена, Лурд не е небо. Облекува монашка облека на 29 јуни 1866 година со уште 42 кандидатки само три недели по доаѓањето. Го зема името Марие-Бернадет. Во септември 1866 и се влошила состобата со астмата. Докторот во манастирот тврди дека нема да ја преживее ноќта. Меѓутоа Бернадета ќе ја преживува таа ноќ. На 30 септември 1867 година ги дава заветите. Од 11 декемри 1878 дефинитивно е во кревет, во својата бела капела како што го нарекувала својот кревет со завеси. На 16 април 1879 година во Воскресната осмина во три часот попладне умира во големи болки.
Телото на Бернадета
Триесет години по нејзината смрт заради процесот на прогласување за блажена требало да се ексхумираат земните останки на Бернадета. Нејзиното тело е извадено во септември 1909, во април 1919 и во април 1925 и секогаш било недопрено. Се чува во капелата на манастирот во Неверс. На 2 мај 1925 година папата Пио XI ја прогласува Бернадета за блажена, на 8 декември 1933 година ја прогласува за светица