Кардинал Марадијага се повлече од службата во Каритас
Претседателот на Каритас Интернационалис со седиште во Рим, кардинал Оскар Марадијага, по осум години се повлече од службата. Како што изјави гласноговорник на Каритас Интернационалис во понеделник 3 мај, наредните недели на Генерално собрание ќе биде избран наследникот на кардиналот од Хондурас.
Марадијага од 2007 година беше на чело на Каритас Интернационалис. Архиепископот од Тегукигалпа два пати по четири години беше избран за да го води Каритас Интернатионалис. Од април 2013 година е вброен во Кариналскиот совет за реформи на Римската курија, формиран од папа Фрањо.
РВ/го*ко
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија:
Ватикан