Папата го прими во аудиенција претседателот на Фиџи

Папата го прими во аудиенција претседателот на Фиџи

Папата Фрањо на 1 август 2022 година го прими претседателот на Република Фиџи, Вилијам Катонивера.

Разговорот со Светиот Отец траеше 25 минути, а потоа претседателот Катонивера се сретна со државниот секретар кардинал Пиетро Паролин и монс. Пол Ричард Галагер, секретар за односи со државите и меѓународните организации.

Во срдечниот разговор – се наведува во соопштението од Канцеларијата за печат при Светиот Престол – фокусот бил ставен на некои регионални прашања, особено на итното прашање на климатските промени, на нивната хуманитарна димензија и на потребата од поголеми напори за заштита на заедничкиот дом. Беа истакнати и добрите односи меѓу Светиот Престол и Фиџи и придонесот на Католичката црква во животот и развојот на земјата.

Размена на подароци

Беа разменети и подароци: претседателот Катонивера му подари на Светиот Отец мала врамена простирка направена од трска, наречена „Ибе Кута“. Изработена е од фино ткаена трска од влажните области на Макуате, една од провинциите на Фиџи. Овие области, се објаснува на плочата, се загрозени од климатските промени, прекумерното напасување и неконтролираните пожари и затоа треба да се заштитат.

„Ибе Кута“ е деликатен и поскапоцен од стандардните простирки на островот Фиџи и е резервиран за луѓе со високи позиции. Софистицираното преплетување на деталните дизајни е единствено и не може да се повтори, што ги прави многу посебни. Папата Фрањо возврати со бронзено маслиново гранче, порака за Светскиот ден на мирот 2022 година, документи на Црковното Научителство и книга за Statio Orbis на 27 март 2020 година.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот