Кардинал Грохолевски за Синодата: Нема противречење, туку изнесување различни ставови
За синодата, како и за предизвиците со кои Црквата и семејствата треба да се соочат за Радио Ватикан се осврна кардинал Зенон префект на Конгрегацијата за католичко воспитание и пред сѐ изрази многу позитивни впечатоци за текот на синодата. Светиот Отец многу јасно, веднаш на почетокот, го постави начинот на разговор и размислување поврзани за бракот – рече кардиналот. И најмногу нѐ повика да бидеме јасни, да зборуваме искрено, секој да го каже она што навистина го мисли. А од друга страна пак очекува почитување и понизност за слушање на она што другите го зборуваат.
На новинарска забелешка дека тоа е важно за да се избегнат противречности за кои често зборуваат медиумите, кардиналот напомена дека медиумите често претеруваат со противречностите, бидејќи станува збор – како што рече – за различни ставови, а не за противречности. Освен тоа се води разговор и тоа не во очекување дека тие ставови да се прифатат, туку тие мислења да се земат во обзир.
Зборувајќи за најголемите предизвици со кои се соочува семејството, кардиналот ја истакна идеологијата која многу насилно се наметнува што се однесува за поимот брак и животот, а која во основа не е во согласност со нашата христијанска антропологија и меѓу останатото ја спомна и борбата за развод, вештачкото оплодување и родовата теорија.
Затоа – како што кажа – важно е пред сѐ да се разговара со денешниот свет. Многу е важно присуството на католиците во масовните медиуми – напомена кардиналот и додаде дека се гледа дури и во земјите кои имаат 80 или 90% католици, во медиумите практично нема католици. Не се истакнати, ниту што се однесува до бројот, ниту до квалитетот. Заради тоа за Црквата е голем предизвик да влезе во светот на комуникацијата, на радио, на телевизија… На тој начин би требало да бидеме повеќе присутни.
Кога ќе успееме на денешниот свет да му објасниме дека антропологијата која ја имаме, а така и поимот за брак е фантастична тоа би било голем успех – напомена кардиналот Грохолевски. Многу луѓе не го разбираат поимот за природното право; а туку станува збор всушност за сфаќањето што е врз основа на човечкиот разум, праведно и добро за поединецот и за целиот човечки род. Не станува збор за тоа некому да му се загарантира минливо, кратко задоволство, туку нешто што е добро за сигурен напредок, за развојот на човештвото.
Гледаме голема расчекор – рече кардиналот – помеѓу техничкиот и научниот напредок и од друга страна што се однесува до развојот на луѓето, односно големиот глад во светот, многу војни, многу омраза, недостаток на почитување кон луѓето, како и големи прогони. Треба да мислиме на доброто на човечкото битие, а не само на техничката благосостојба. Мислам дека оваа синода оди всушност во таа насока: како да се помогне на денешните луѓе подобро да живеат и како да придонесеме за вистински напредок – рече на крајот префектот на Конгрегацијата за католичко воспитание.
РВ/Д.И.