Карактеристики на побожната жена

Карактеристики на побожната жена

Каква е таа побожна жена и за кои карактеристики би требало да копнее за да стане побожна? Предлагаме 12 особини за побожна жена.

Сите ние сакаме брак според Божјите начела. Но, за да бидете побожна жена, мора да живеете побожен начин на живот.

За кои карактеристики жената би требала да копнее за да стане побожна?

Овие се 12 карактеристики на побожната жена:

Побожната жена секогаш настојува да биде пристојна во своето облекување

„И ете, во пресрет му доаѓа жена, наконтена како блудница, со подмолно срце.“ (Изр.7,10)

Спротивно на идеалите за чесност, облеката на жената која што не е побожна е насочена кон неа и кон нејзиното тело, а не кон нејзиниот Отец кој е на небасата и неговата светост. Се сеќавате ли на зборовите на свети Павле од Новиот завет? Бог ја истакнува убавината на личноста која е за окото невидлива.

Побожната жена секогаш настојува да биде света во своето однесување

„Дојди, ќе се насладуваме со љубовта дури до зори, дојди да се радуваме во милување, зашто маж ми не е дома: тој замина на долг пат;“ (Изр.7, 18 – 27)

За разлика од оваа жена, побожната жена е полна со страв Божји. Таа ја бара Неговата волја наместо фалбите од било кој на земјата. Поради стравот Божји, таа е свесна за последиците од своите одлуки за иднината. Побожната жена избегнува било каква сегашна ситуација која би можела да ѝ наштети на нејзиното идно служење на Бог.

Побожната жена секогаш настојува да љуби вистински во говорот и побудите

„Со многу ласкави зборови таа го привлече, со меката уста своја го овладеа. Тој веднаш тргна по неа, како што вол оди на колење и како куче – на верига, како елен – на истрел, додека стрела не му го пробие црниот дроб, како птичка што се фрла во стапица, а не знае дека е таа за нејзина погибел.“ (Изр. 7, 21 – 23)

Оваа подмолна жена е одбојна затоа што настојува само на себе си да си угоди, што и да посака. Нејзините зборови и дела го водат човекот кон пропаст. Убавата жена е облечена во небесна убавина, како што и самото Божјо Слово зборува.

Побожната жена настојува да биде блага и тивка

„Жена без расудување е зборлива, безумна и ништо не разбира.“ (Изр. 9, 13)

Зборлива и нескротлива, нозете нејзини не се запираат в куќи (Изр. 7, 11)

Ова се однесува на недостатокот од почит, ривалство, агресивност и лукавство. Сите овие особини мирисат на неволја.

Побожната жена настојува да се грижи околу куќата (домот)

Таа добро управува со својот дом. Сака на конкретен начин да им служи на другите, било да се работи за подготвување храна или користење на своите вештини за добро на другите. Нејзиниот дом е отворен и гостољубив, а таа е предадена во служењето на болните, на тие кои имаат потреба и на сиромасите.

Побожната жена настојува да им служи на другите

Таа ја запознала љубовта која што Христос ја има за другите.

„Таа станува уште преку ноќта и дава храна во куќата своја и им определува работа на слугинките свои. Дланката своја му ја отвора на сиромав, и раката своја на оној, кој има нужда, му ја подава.“ (Изр. 31, 15 – 20)

Побожната жена настојува да биде од доверба

Кога вели дека нешто ќе направи, таа тоа и го прави. Таа е жена од збор. Срцето ѝ е чисто, а намерата добра.

„Срцето на мажот нејзин е убедено во неа, тој нема да остане без добивка; таа ќе му прави добро на мажот свој, во сите дни од животот негов.“ (Изр. 31, 11 – 12)

Побожната жена настојува мудро да управува со финансиите

Таа е штедлива, а не расипна. Размислува за иднината, а не само за сегашноста.

„Ќе помисли ли за нива, ја купува; од плодот на рацете свои си насадува лозје.Таа работи покривки и ги продава.“ (Изр.31, 16 – 24)

Побожната жена настојува да биде работлива

Бог ја цени работливоста, затоа побожната жена копнее за неа наместо да бега од неа. Побожната жена не е мрзелива, неработлива и немотивирана.

„Ја препашува со сила половината своја и ги зацврстува мишките свои за работа.“ (Изр. 31, 17 – 19)

Побожната жена настојува да прави добро и има добар углед

Без оглед на тоа дали некој ја гледа или не, таа настојува да прави добро, а не тоа што е прифатливо. Таа настојува да даде добар пример на своите деца. Со други зборови, таа постапува во согласнст со она што го зборува.

„Стануваат децата и ја ублажуваат, – мажот, и тој ја фали.“ (Изр. 31, 28)

Побожната жена настојува да ја усвои библиската мудрост

Словото Божјо е живо во нејзиното срце и живот. Затоа секогаш и е во усните. Таа е облечена во Дух Свети, нежна и љубезна.

„Со мудрост ја отвора устата своја, и кротка поука има на јазикот нејзин.“ (Изр. 31,26)

Побожната жена настојува да ја живее тајната на женственоста

Иднината ѝ се смее, а децата ја благословуваат.

„Здравје и убавина е нејзината облека, и весело гледа на иднината.“ (Изр.31, 25)

Мајки и татковци, какви жени воспитувате? Мудри или луди? Го заведува ли девојката момчето со своето облекување да мисли на нејзиното тело и н анеговите искушенија или на нејзиниот дух или убавина? Има ли света омраза кон гревот? Се користи ли со својата моќ за да работи сѐ што сака? Манипулира ли со солзи, погледи и сѐ што е потребно за да ги постигне своите цели? Се кара ли со вас или со своите браќа и сестри?

Или е мирољубива, нежна и добра? Ако негативните особини се вкорениле во нејзината личност, иднината би можела да ѝ биде на коцка.

Можат ли тие да се споредат? Побожната жена и ќерка е благослов за сите. Таа гради дом, семејство и општество.

Жена Врсна/к.мк

Категорија: Вера, Семејство

За авторот