Жено, знаеш ли каде е твоето достоинство?

Жено, знаеш ли каде е твоето достоинство?

Жено: за да се зборува за тебе, треба да се стане. Со целата сигурност можеме да ја дефинираме ЖЕНАТА како совршена, единствена нежност обдарена со неспоредливи и непреносливи добродетели и таленти. Од сите созданија била најубава, што е избрана да биде извор на светлост и живот. Ќерка, пријателка, девојка, сопруга, мајка, партнерка… Онаа најубавото и најчисто секогаш го носи името ЖЕНА, од таа причина, живеј со тоа достоинство!

Кога се зборува за достоинството на жената, добро е да се препознае важноста која таа ја има во различните подрачја во животот. Потребно е да се брани во нејзината вредност и нејзиното лично богатство, во нејзините сопствени улоги како ќерка, сопруга и мајка.

Во што сѐ престојува достоинството на жената? Ќе почнеме да го разбираме она што НЕ е достоинствено. Достоинството не престојува ниту во богатството, ниту во физичките квалитети, а ниту во професионалните успеси; уште помалку во поседувањето на сметка во банка преполна со пари; ниту исто така во десетте обесени признанија на ѕидот, од кои 3 се професионални титули и 2 докторати. Ниту во тоа дека е директорка на голема корпорација и дека има вработени, мажи или жени, под себе.

Потоа е потребно да сфатиме дека „достоинството на човековата личност е вкоренето во сопственото битие“, за верниците во нивното создание на образот и подобието Божјо; затоа, достојна е за секоја љубов и восхит. Таа неразделна вредност е вкоренета во честа и во големината што е создадена како личност, токму поради тоа, секоја жена, мажена, сама, вдовица или оставена е достојна за потполно и апсолутно почитување.

Денешната жена се двоуми помеѓу нејзината „битка“ и „желби“. Од една страна сака да „биде“ тоа што повеќето жени многу пати преку повикот ѝ одговара и е дел од нивната природа: да биде сопруга за подоцна да стане мајка и да биде темел на семејството кое што уште од мала си го сонувала. Од друга страна, сака професионален успех и социјална препознатливост, истакнувајќи се како работлива (зафатена) жена.

Да се пронајде рамнотежа помеѓу борбата и желбите не е лесно, меѓутоа, е возможно. Се прашуваш како? Поставувајќи ги приоритетите и живеејќи уредно. Еднаш кога си одлучила да живееш како сопруга и мајка, се одлучуваш да се ставиш на врв на најубавата компанија на светот, своето сопствено семејство. Ќе го заземеш најважното прекрасно место, и тоа она со најголемо барање, сепак, најзадоволително. Мажот ќе биде глава на куќата, но што може главата без вратот кој го поддржува? Токму тоа си ти жено, вратот кој држи, срцето кое го одржува живо битието наречено семејство.

Жено, голема си! Поседуваш единствени способности и квалитети, непреносливи, незаменливи, уште си и совршена, толку што од сето тоа создадено ти си носителка на животот преку своето благословено тело посебно дизајнирано да прима.

Ти си непресушен извор на среќа во тагата, надеж во очајот, светло си во темнината на оние кои те сакаат и кои ги сакаш. Изгледа дека од твоите нежни раце извираат антибиотици кои ја лечат целата болка на саканите, затоа што е доволна една твоја нежност за да им го вратиш олеснувањето. Од твоите усни произлегува словото на љубовта, секогаш полно со утеха и надеж кое повикува на мир и спокој. Колку пати си била ти таа која требало да ги слушнеш…

Жено, сопруго и мајко, што би бил овој свет без тебе? Уште поважно, што би било твоето семејство без тебе, без оваа прекрасно воспитување и незаменливто присуство во животот на твоите деца, твојот сопруг? Грижата за верата во твојот дом е од голема важност – модерна жено – врати се таму каде што припаѓаш: да бидеш нежна, љубезна, она која сака, која е искрена, женствена, душа на домот.

Откажи се од речениците како „не ми треба маж кој ќе ме издржува, можам и сама“. Нема сомнеж во твојата моќ ниту во твоите способности, сепак, работите не одат така. Тебе никој ниту ништо во домот не може да те замени. Било која работа, било кое место во фирмата може да се замени, твоето како сопруга и мајка, не може.

Најдобрито поклон кој што можеш да го дадеш е да бидеш чесна и угледна личност, верна на своите морални вредности и принципи. Почитувај се жено! Не чекај тоа некој друг да го прави. Ниту твоето сопствено почитување ниту твојата вредност не можат да се наоѓаат во твојот надворешен изглед, сама по себе си нечија ќерка, ниту пак во многуте пари или добрата работа. Вистина е дека брчките и староста доаѓаат и дека парите доаѓаат и поминуваат. Базирај се на своето почитување на возвишените вредности, на оние кои никогаш не умираат. Што ќе се случи оној ден кога нема да имаш работа ниту пак ќе бидеш млада? Зарем ќе речеш дека веќе ништо не вредиш?

Не чекај некој друг да ја препознае твојата вредност, препознај ја ти. Не чекај некој друг да те прифати како што ти самата себе би се прифатила. Не чекај некој друг да те засака па дури тогаш ти самата да се засакаш. Не чекај некој друг да ти понуди сигурност, затоа што твојата најголема сигурност се раѓа во тебе самата, во твојата душа.

И на крај, истакнувајќи дека рамноправноста не е исто како еднаквоста, понизно сети се дека мажот зависи од жената сѐ од раѓање.

Млади католици/к.мк

Категорија: Вера, Семејство

За авторот