„Оној кој оди на работ на бездната не мора да паде. Но, тој трепери и честопати паѓа само поради стравот. Исто и оној кој не бега далеку од гревот, туку се држи блиску до него, живее во постојан страв и честопати паѓа“.
Овие се зборовите на свети Иван Златоуст кои дават прекрасен вовед на темата за која што ќе пишувам. Сите ние верниците – грешници честопати живееме на работ на бездната. Ги прифаќаме убедувањето на золиот дека сепак се обидуваме да направиме чекор повеќе по работ, нудејќи ни ја при тоа своја „помош“. Од почеток тоа е сосема доверлив наговор, примамлив, се случува во нашата внатрешност и нашите мисли. Доколку дозволиме да се убедиме тоа да премине во слободна одлука и дело. И тогаш пад. По кој знае кој пат. А кога паѓаме, тогаш и плачеме. И сите околу нас плачат, затоа што сме ги повредиле. Сите освен сатаната. Тој се смее до таа мера што „умира од смеја“ над нашиот грев и неуспех. Тој се насладува со тоа што сме згрешиле, што самите на себе се срамуваме, што не можеме да се погледнеме во очи. И редовно тоа ни го набива во нос.
Зошто е тоа така? Од едноставна причина. Не се трудиме да ги препознаеме и избегнуваме грешните ситуации, туку се надмудруваме со полукавиот од нас. Мислиме дека овој пат сме доволно јаки за да го избегнаме гревот, а да ја задржиме онаа доза на интерес и возбудување кое се случува во нас кога сме близу до гревот. Мудриот човек бега од гревот. Тоа не е бегање како кукавица, туку промислена одлука која доаѓа од верата во Исуса Христа кој го победил гревот и сатаната. Исус не побегнал од гревот на целиот свет, туку храбро го носел крстот – и победил. Но, да запомнеме, ние не сме Бог. Тој поради нас дојде за да го уништи гревот и да ни ги отвори вратите на вечниот живот.
На сите ни е познато она чувство додека стоиме пред исповедалницата, чекајќи вратата да се отвори или знак дека можеме да влеземе. Во себе водиме таков или сличен монолог: „Се чувствувам како да носам 200 килограми на својот грб. Толку ми е страв. Срам ми е да кажам сѐ. Од што да почнам? Хм, можеби оној најголемиот да го изоставам, за да не бидам во ушите на свештеникот грешник? А што ако го препознае мојот глас, па утре ме сретне? Имам чувство дека сите гледаат во мене. Сигурно знаат што згрешив, очигледно е. Сфатиле, леле колку ми е непријатно, само што побргу да влезам за да престанат сите тие погледи. Само јас на светот можам да го направам тој грев, на никого не би му паднало на памет да направи такво нешто, никој не е толку грешен. Најдобро е да гледам во подот, тогаш не гледам никого, ниту тие го гледаат моето лице. Најверојатно нема да ме запомнат. Леле, најлош сум на светот. Можеби сепак ова не е добра идеја, да дојдам некој друг ден, кога ќе има помалку луѓе?“
Да, не си единствен, и другите исто така или слично размислуваат. Но, не дозволувај да се обесхрабриш. Сигурно би сакал да знаеш како да ја засакаш светата Тајна, да тој остана тежок чекор кој го правиме со мака во желудникот и со тешкотии во срцето? Ќе го засакаш оној момент кога ќе сфатиш дека Бог не ужива во тоа да те осудува поради гревот што си го направил. Тој се радува кога го гледа твоето раскаено срце и не може да остане рамнодушен на твоето викање да ти прости. Кога ти и јас во светата Тајна Исповед велиме дека се каеме, дека ни е жал, Бог веќе ни простил, веќе духовно нѐ прегрнал и тргнал со нас од почеток. Кој не би го сакал тој Исус кој и мене и тебе нѐ сака како грешници?
Нема такво нешто што Бог не би ни го простил. Нема таква гадотија, глупост, понижение од кое тој нема да нѐ изведе. Тој гори од желба да нѐ љуби и да ни прости.
Исус знае дека сме слаби и грешни луѓе на кои им е потребно постојано простување. Затоа преку апостолите ни ја дал, светата традиција на мајката Црква – светата Тајна Помирување – светата Исповед. Оваа прекрасна милост на простување, која ние толку ретко ја прифаќаме. Исповедта е мелем за раните на нашето срце и душа. Исповедта е милосен момент во кој Бог слуша она што му го зборуваме дека ни е жал, по не знам кој пат сме му го свртеле грбот. А тој на мене преку свештеникот ми упатува „простување и мир“ па така и „ме разрешува од гревовите мои“. Кај Исуса е прекрасен токму тој момент. Иако сме заслужиле осуда, тој ни дава милост на простување и слобода. Ни дарува нов почеток, ни дарува слобода да можеме да живееме во светоста за која што сме создадени.
На едно место, веќе споменатиот свети Иван Златоуст вели:
„Бог бара малку, но, дарува многу“. Одрекувањето од гревот е навистина мала работа со оглед на тоа што ни е понудено – вечниот живот.
Секојдневно се соочуваме со овој едноставен избор – грев или вечен живот. Немој да си го комплицираме животот. Не мораш да живееш во грев, појди на Исповед со сигурност дека Бог милосрдниот ќе ти прости сѐ, ако со искрено срце се покаеш. Избери го Исус. Избери го животот вечен. Секогаш.
Млади католици/к.мк