Четири станици од Исусовиот пат на Велики Петок

Четири станици од Исусовиот пат на Велики Петок

Околу 11.00 часот Исус е осуден на смрт со распнување и се упатува на Голгота со својот крст. Пат на кој Исус, кој целиот е измачен, со врзани раце морал да помине таа вечер и следниот ден до Крстниот пат четири станици и тоа: Маслиновата градина; Ана и Кајафа; Пилат – Ирод; и повторно Пилат.

Целиот тој пат бил поплочен со груби камења, а бил долгг околу три километри. Кон тоа треба да се додаде и студената ноќ, имено евангелистот Иван вели дека таа ноќ било студено (Иван 18,18). Ноќта ја поминал без да спие и без течности и храна, а сето тоа било пропратено со телесно и душевно насилство и малтретирање.

Исмејување, плукање, шамарање, удари, камшикување, ударање со трска по главата, круна ставена на главата спелетен од долги трње, облекување во багреница и пред да биде распнат, облека била натопена целата во крв и залепена за кожата.

Освен големите болки, сето тоа морало да предизвика и други крварења поради повредите од камшикувањето, убодите од трњето во раскрварената кожа на главата.

Следувало мачно искачување со попречна греда од крстот на грбот. Искачувањето до Голгота е околу 300 метра, а се случило пред пладне, кога е жешко. По патот Исус се занесувал, паѓал, се повредувал од падовите и крварел. И пред распнувањето му е понудено вино измешано со жолчка, но Исус го добил тој напиток. (Матеј 27, 34; Марко 15, 23)

За телесната состојба на Исус пред да биде распнат може да се каже дека бил потполно исцрпен. Тешката исцрпеност од мачењето, потењето, поткожното и надворешното крварење, бројни површински повреди, тешко и болно одење, со тежок товар, неспиеност, имено Исус бил околу 30 часа без спиење, гладен и жеден, наверојатно дваесетина часа нема примено никаква течност.

Преземено од ФБ

Категорија: Вера, Духовност

За авторот