Слово Божјо за денес: Да го градиме коработ на спасението

Слово Божјо за денес: Да го градиме коработ на спасението

Од светото Евангелие според Лука (17, 26-37)26. Како што беше во Ноевите дни, така ќе биде и во деновите на Синот Човечки: 27. јадеа, пиеја, се женеа, се мажеа, сè до оној ден, кога Ное влезе во ковчегот, и дојде потопот, па ги погуби сите. 28. Исто така, како што беше во Лотовите дни: јадеа, пиеја, купуваа, продаваа, садеа, ѕидаа; 29. но во истиот ден, кога излезе Лот од Содом, падна од небото оган и сулфур и ги изгоре сите; 30. така ќе биде и во денот, кога ќе се јави Синот Човечки. 31. Во тој ден, кој е на покрив, а покуќнината му е в куќи, нека не слегува да ја земе; и кој е в поле, исто така, да не се враќа. 32. Сеќавајте се на Лотовата жена. 33. Кој сака да ја спаси својата душа, ќе ја погуби; а кој ја погуби, ќе ја оживи. 34. Ви велам: во таа ноќ ќе бидат двајца на една постела: едниот ќе го земат, а другиот ќе го остават; 35. две жени ќе мелат заедно: едната ќе ја земат, а другата ќе ја остават; 36. двајца ќе бидат на нива: едниот ќе го земат, а другиот ќе го остават.” 37. И, кога одговорија, Му рекоа: „Каде, Господи?” А Он им рече: „Каде што е телото, таму ќе се соберат и орлите.”

(…) Веројатно луѓето во времето на Ное сметале дека доволно добро го познаваат животот без Бог, дека доволно се умешни и напредни и не може ништо страшно да им се случи. Се доверувале на својата проценка на животот, во развиените технологии и остварениот напредок, и биле уверени дека тоа им го гарантира мирот и сигурноста. Биле уверени дека не може да им случи ништо лошо, посебно што се сметале за доволно добри, согласно своите критериуми. Биле едноставно како сите останати луѓе, ниту повеќе, ниту помалку, па сметале дека нема причина токму на нив да им се случи некое зло. Немале причина да веруваат во Бог или да се плашат од Бог, затоа што сметале дека таквите животни форми се надминати. Затоа немале причина да скокнат во „ненормалност“ за барање на Бог и лично заедништво со него, затоа што поголем број луѓе со тоа не се оптеретувале. Меѓу останатото имало мислења дека може да се живее и без таков однос со Бог и било непотребно дополнително да се занимава со тие прашања и да прави скок во непознато, кога земјата пружи толку пријатно и познато.

Добар дел од луѓето денес навистина сакаат во тој дух да живеат наводно опуштено, без дополнителни оптеретувања, без напрегања околу верскиот живот и верските прашања. Како да не се доволни маките и без тоа, па треба уште дополнителни маки и форсирања, некоја дополнителна сериозност во животот. Зарем е неопходно уште главата да си ја „кршиме“ со прашања околу невидливите работи кога имаме доволно маки и во она видливото? Зарем не ни е доволно и од ова земското, па треба да мислиме и на она небесното, на она што е над нас? А токму денес ни е потребно од било кога повеќе опуштено живеење.

Таквите ставови најмногу ги користат луѓето, како одбранбен механизам како заштита на сопствена мрзеливост и немарност. Треба да настапиме со сериозност, а не само да мислиме на јадењето и пиењето. Животот останува површен и на површината ако не станеме свесни дека овде е местото на кое го градиме коработ за прекин преку водата на потопот и ако заборавиме дека овде е местото на кое се подготвуваме за премин кон онаа конечната прослава. (…)

А како што многумина, со сè што имале, ги однесува потопот, освен Ное чиј капитал не бил во она што го уживал на земјата, туку во она што го вложувал за небото, кој не уживал во временското, туку се подготвувал за вечното, така ќе се случи со секоја генерација. Затоа Исус и нас нè поттикнува на одење кон таа иднина која не се стекнува со грижата околу тоа што ќе јадеме и пиеме, како ќе се жениме и мажиме, туку иднина кон вечните добра и заедништвото со Бог. Како што Ное вложувал во коработ, додека другите вложувале во јадењето и пиењето, односно во живот кој го нарекувале „нормален“ и „опуштен“, така и нас Господ нè поттикнува да живееме градејќи живот сигурен од потоп. Никогаш времето не смее да ни стане толку „нормален“, а животот на земјата „опуштен“ да го заборавиме Бог и да не го доживееме неговото присуство во времето.

Времето ни е навистина дадено за да го градиме коработ на спасението, додека го живееме животот во надворешна смисла идентичен на сите други луѓе, сепак тој живот да не биде таков, туку различен од животот на оние кои не веруваат. И додека луѓето не ја видат разликата зошто од двајцата, едниот од нивната се зема, а другиот се остава, или пак од двете што мелат, едната се зема, а другата остава, Бог има друг увид во нашите животи и знае на кој да му дозволи спасение.

Затоа и ние да бидеме подготвени, односно со раката воздигната кон небото, а срцето свртено кон доаѓањето на Синот Човечки и неговиот ден, за да можеме да бидеме мирни и опуштени како спасени пред судот. Да живееме нормално како Ное, кој знаел дека му треба ковчегот на спасението, и да бидеме опуштени како оние кои се подготвени да го пречекаат Синот Човечки, Божјото милосно присуство да нè не заобиколи, туку да нè обдри со наградата на вечниот живот.

д-р Иван Бодрожиќ/к.мк

Категорија: Вера, Проповеди

За авторот