За Празникот Успение на Пресвета Богородица

За Празникот Успение на Пресвета Богородица

Навлегувајќи во суштината на денешниот празник Успение на Пресвета Богородица да се посветиме денес на нашата небесна Мајка и да не се притеснуваме за да се помолиме на неа за своите потреби. Денес како и многу пати досега имаме потреба да се обратиме до Богородица и да го побараме нејзиното застапништво.

Зарем не беснеат војни? Зарем не сме болни и во душа и во тело? Зарем во нашите семејства не нѐ мачат разни проблеми? Зарем немаме потреба да молиме?

Богородица со своето застапништво прекинувала војни, оздравувала болни по душа и тело, го чувала и враќала благословот и љубовта во многу семејства, преобратила толку многу грешници и излеала море на милости низ историјата. И денес таа го сака истото.

Да не престанат нашите завети и молитви до неа. Да ја зачуваме нашата вера и доверба во нејзиното застапништвото, како што тоа го правеле генерациите пред нас и затоа искусиле бројни чуда направени преку застапништвото на нашата небесна Мајка.

Да ја упатиме нашата денешна молитва до неа: Пресвета Богородице, умножи ја верата во нас, зацврсти ја надежта и усоврши ја љубовта. Амин.

Извор: Facebook профил на Радио Марија Македонија

Категорија: Вера, Духовност

За авторот