И покрај пандемијата и оваа година божиќна акција: „Го носам твоето име во светата ноќ во Витлеем“
„Го носам твоето име во светата ноќ во Витлеем“ е геслото на божиќната акција оваа година, дванаесетата по ред која ја спроведуваат германските бенедиктинци во опатијата Дормитио на гората Сион во Ерусалим.
Преку интернет страната http://www.dormitio.net/abtei/weihnachtsaktion/index.html, e-mail- weihnachtsaktion@dormitio.net најдоцна до сабота 19 декември може да се пријави име и презиме и тоа на Бадник ќе биде положено на сребрената ѕвезда која се наоѓа на местото на Исусовото раѓање во истоимената црква во Витлеем.
Пријавата и учеството е бесплатно и без никакви обврски, но кој сака може да уплати доброволен прилог за таа опатија и за социјалните проекти во Светата Земја.
Германските бенедиктинци и уште стотина верници после Божиќната полноќна литургија и ноќното молитвено бдение пеш и оваа година во Божиќната ноќ ќе се упатат како некогаш пастирите во Витлеем каде на местото на Исусовото раѓање ќе ја положат листата со имињата и ќе се помолат за сите нив. После тоа ќе молат утринска молитва (Laudes) на местото на Исусовото раѓање. Од Ерусалим ќе тргнат во 2.00 часот, а на 10 километри оддалеченост, во Витлеем ќе стигнат околу 4.30 часот наутро.
Листата велат овие германски бенедиктинци од година на година е сѐ подолга, а и тешка за носење. Минатата година биле пријавени 112 илјади имиња.
Повеќе информации се наоѓаат на порталот на опатијата www.dormitio.net или на гејсбук под називот „Dormition Abbey Jerusalem“.
Ика/к.мк