Илјадници верени парови доаѓаат на Свети Валентин во Ватикан

Има многу нови иницијативи од страна на папата Фрањо, а најновата е средбата на верените парови на празникот Свети Валентин во Ватикан. Ова ќе биде прв пат Светиот Отец да се сретне со толку многу парови, посебно со верени парови кои се подготвуваат за брак – изјави о. Карлос Симон Васкез од Папскиот совет за семејство.

Средбата ќе се одржи во петок 14 февруари во ватиканската сала Павле VI под мотото „Радоста на одговорот ›ДА‹ засекогаш“. Смислата е да се остави на страна маркетингот поврзан со денот на Свети Валентин и да му се поврати неговото основно значење – љубов и простување.

„Бракот значи радост и среќа, но и жртва, како и потребен напор за да се биде покрај другиот“, истакна о. Васкез.

Истражувањата покажуваат дека првата година од бракот е најтешка. Во моментот во светот е голема стапката на разводи, а организаторите во Ватикан се надеваат дека новите генерации ќе се освестат за тој проблем. И папата Фрањо е сосема јасен во своите совети:

„На младите секогаш им давам совет (…) никогаш да не помине денот, а да не си простите. Никогаш!“

Бидејќи браковите имаат добри убави моменти, но и падови, Светиот Отец на верените парови ќе им говора како треба да ја засилат својата врска и вера.

Љубовта е нешто што се учи, развива и сведочи. А давањето помош и простување може да се научи, порача о. Васкез.

Повикот за учество на папата Фрањо е отворен за сите верени парови кои се подготвуваат за венчание во Црквата. Пријавувањето може да се изврши на емаил на events@family.va до 30 јануари.

Лаудато/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот