Папата на празникот на Сите светци: Повикани сме на светост

Папата на празникот на Сите светци: Повикани сме на светост

На празникот Сите светци, на 1 ноември 2023 година, папата Фрањо зборуваше за повикот за светост и дeка тој воедно претставува дар од Бога и пат по кој треба да чекориме заедно со нашите браќа и сестри и сите светци кои се наши придружници на ова патување.

Драги браќа и сестри, ви посакувам убав ден и среќен празник!

Папата Фрањо од прозорецот на својата работна соба во Апостолската палата ги поздрави верниците и ходочесниците собрани на плоштадот Свети Петар во среда, 1 ноември, за празникот Сите светци. Пред да моли Ангел Господов, Папата рече дека на празникот Сите светци се сеќаваме на нашиот повик за светост. Тој објасни дека тоа е дар од Бога што го прифаќаме и патување на коe одиме заедно, додека светците секогаш нè придружуваат на тој пат.

Дарот на светост

Светиот Отец објасни дека светоста е дар од Бога што го добивме преку крштевањето: ако дозволиме да расте, може многу да го промени животот. Светците не се недостижни или далечни херои, туку луѓе како нас, истакна Папата, наши пријатели, чија почетна точка е истиот дар што го добивме, а тоа е крштевањето.

Покрај тоа, Римскиот бискуп додаде, ако размислиме подобро, сигурно сме сретнале еден од нив, обичен светец, праведник, некој човек кој сериозно го живее христијанскиот живот, едноставно… ова се оние кои сакам да ги нарекуваат „маалски светци“, рече Папата, додавајќи дека тие живеат меѓу нас со обичен живот.

Дарот на светост нѐ прави среќни

Светоста, значи, е дар што се нуди на секој од нас за среќен живот, рече тој. А која е нашата прва реакција кога ќе добиеме дар од некого?, ги праша Папата собраните верници на плоштадот Свети Петар. Токму тоа нè прави среќни, затоа што значи дека некој нè сака, а дарот на светоста нè прави среќни затоа што Бог нè сака.

Но, секој подарок треба да се прифати, рече Папата. Со себе ја носи одговорноста да одговори, барем со едно „благодарам“. Но, како се изразува оваа благодарност?, праша Папата. Тоа е повик за кој треба да се потрудиме да не биде уништен. Сите ние што сме крстени го имаме примено истиот повик, а тоа е „живеејќи да ја чуваме и усовршуваме светоста, која ја примивме“, нагласи Петровиот наследник.

Друга карактеристика е тоа што светоста е и одење, пат по која треба да се оди заедно, помагајќи си, соединети со придружниците кои се одлични во совладувањето на сите искачувања, а тоа се светците, истакна папата Фрањо.

Патување во добро друштво

Папата потоа истакна дека светците се нашите постари браќа и сестри на кои секогаш можеме да сметаме: нѐ поддржуваат и, кога скршнуваме од правиот пат, не пропуштаат да не поправат со своето тивко присуство; тие се искрени пријатели, на кои можеме да им веруваме, затоа што ни посакуваат добро, не покажуваат со вперен прст и никогаш не нѐ изневеруваат.

Во нивните животи наоѓаме пример, во нивните молитви добиваме помош и пријателство и со нив создаваме врска на братска љубов, рече папата Фрањо. Светоста е дар и пат што треба да се помине.

Животите на светците

На крајот, Светиот Отец ги охрабри сите собрани на плоштадот Свети Петар да се запознаат со житијата на светителите и од нив да научат како да се соочат со сопствените предизвици во животот. Тој предложи и лично размислување, потсетувајќи дека со примањето на дарот на Светиот Дух, сме повикани на светост и дека секогаш сме поддржани и помогнати на патот. Светците се блиску до нас, додаде Папата, секогаш можеме да им се обратиме во молитва, во заедништво со нив во нашата благодарност кон Бога за се што ни дал и за вечната среќа на која нè повикува.

Марија, царицата на сите светци, нека ни даде да ја почувствуваме радоста на примениот дар и во нас нека ја зголеми желбата за вечната цел, рече на крајот папата Фрањо од своето обраќање.

Ватикан њуз/к.мк

 

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот