Папата Фрањо: Политиката не смее да ги заборави старите луѓе

Папата Фрањо: Политиката не смее да ги заборави старите луѓе

Папата Фрањо ги повика младите и постарите да формираат меѓугенерациски сојуз, кога Црквата го слави Светскиот ден на баби и дедовци и стари лица и во исто време се подготвува за Светскиот ден на млади во Лисабон.

Говорејќи за време на неделната молитва Ангел Господов, папата Фрањо го истакна одбележувањето на 3. Светски ден на баби и дедовци и стари лица и претстојниот Светски ден на младите, кој е закажан за 1-6 август во Лисабон, Португалија.

Од прозорецот на Апостолската палата Светиот Отец заедно со едно младо момче и една постара госпоѓа кои беа со него ги повика верниците собрани на плоштадот Свети Петар да им упатат голем аплауз.

Близината на двата светски дена нека не осветли со повик да го промовираме толку потребниот сојуз меѓу генерациите, бидејќи иднината се гради заедно, споделувајќи искуства и споделувајќи ја грижата на младите и старите еден за друг, рече Римскиот бискуп.

Папата, исто така, ги повика присутните никогаш да не заборават на непроценливиот придонес на бабите и дедовците, повикувајќи повторно да ги поддржат со аплауз.

Политика во корист на старите лица

Претходно, утрото во својата проповед на светата Литургија по повод Светскиот ден на баби и дедовци и стари лица, папата Фрањо ги повика политичарите да спроведат политики кои ги штитат правата и здравјето на старите лица.

Политиката, рече Римскиот бискуп, е повикана да се грижи за потребите на најчувствителните, не смее да ги заборави старите, дозволувајќи пазарот да ги сведе на „непродуктивен отпад“.

Да внимаваме нашите пренаселени градови да не станат „концентрација на осамени луѓе“, повторно истакна Светиот Отец.

Да не се случи, нагласи Папата, бркајќи ги со полна брзина митовите за ефикасност и достигнувања, да не можеме да застанеме за да ги следиме оние кои едвај можат да бидат во чекор со нас. Ве молиме мешајте се, растете заедно!

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот