Измени во активностите на Светиот Отец за јули и август
Активностите на Светиот Отец за месец јули и август ќе бидат редуцирани во поглед на Генералните аудиенции во среда и утринските свети Литургии со група верници во капелата на домот Света Марта.
Последната Генерална аудиенција во среда пред летната пауза ќе се одржи во среда 25 јуни, а повторно редовно ќе започне да се одржува од среда, 6 август 2014 година.
Утринските свети Литургии на Папата со група верници во домот Света Марта нема да има во јули и август.
Молитвата Ангел Господ и во текот на летниот период ќе се одржува редовно освен седмица од 13-18 август, кога Папата ќе се наоѓа на Пасторално патување во Јужна Кореја.
РВ/го*ко
Категорија:
Ватикан