Панама: Папата остро ја осуди корупијата и се зазема за домородното население

Панама: Папата остро ја осуди корупијата и се зазема за домородното население

На почетокот на посетата на папата Фрањо на Панама“, во четврток 24 јануари, приредена е свеченост за пречек во Претседателската палата каде Светиот Отец го пречекаа претседателот Хуан Карлос Варела и неговата сопруга Лорена Кастило.

Папата кратко се појави и на балконот на палатата и ги поздрави групата ходочасници кои се најдоа на улицата.

После посетата на претседателот Варела, Папата се упати во седиштето на Министерството за надворешни работи – Palacio Bolivar каде се сретна со околу 600 претставници на власта, дипломатскиот кор и јавниот живот и го одржа свој прв говор.

Одговорните политичари во земјата Папата ги повика сериозно да ги сфатат млади и да им дозволат да ги вдахновуваат. „Поинаков свет е можен и младите нè повикуваат да им се придружиме на нивното градење“, рече Папата и предупреди: „Правото на иднина е човеково право.“

Како мост помеѓу Северна и Јужна Америка, Панама не е само стратешка точка, Светскиот ден на млади подрачјето на Панамскиот канал го претвора во поттикнувач на надеж, порача Папата. Младите луѓе гледаат преку минливите ставови кои сметаат само на конкуренцијата, шпекулациите и законот на посилниот и затоа од политички и економски одговорните бараат скромност и транспарентност. Ангажирњето за искреноста и праведноста е спротивно на корупцијата, порача папата Фрањо.

Истовремено ја повика Панама да им овозможи на сите членови на своето општество, посебно на домордното население пристап до добро образование и да промовира достоинство на човечкиот труд. Критиката на Папата за корупцијата и заземањето за домородното население се наградени со аплауз, пренесува Катпрес. На средбата во Министерството за надворешни работи учествуваа и претставници од другите христијански вероисповеди, како и муслимани и Евреи, кои Папата поединечно ги поздрави после одржаниот говор.

Претседателот Варела во поздравните зборови меѓу останатото истакна дека улогата на Панама е да придонесува за мир, дијалог и меѓусебно почитување меѓу народите во целиот свет. Притоа потсети и на една молитва на Папата за способни и чесни политичари.

Следуваше средба со епископите на Средна Америка во црквата „Свети Фрањо Асишки“ каде поздравни зборови до Папата упати надбискупот на Сан Салвадор, Хозе Луис Аскобар Алас. Папата Фрањо им се заблагодари на епископите за срдечниот пречек и на надбикупот Ескобар на поздравните зборови, пошегувајќи се дека всушност дошол за да се сретне со млади луѓе. Папата ги повика шеесетите собрани епископи од Панама, Костарика, Ел Салвадор, Гватемала, Хондурас и Никарагва на солидарност со младите и мигрантите и потсети на светлиот пример на свети Оскар Ромеро.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот