Излезе новиот број на христијанското списание „Светлина“
Новиот број на христијанското списание „Светлина“ за месец јули 2015 година донесува бројни вести за Црквата од Македонија и светот. Централно место во овој број зазема посланието на Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов во година на семејството насловено „Семејството – природно место за воспитување“.
Во новиот број Светлина е објавена статитија на тема: „По што се поинакви Католичките семејства?“, во која можат да се видат карактеристиките на едно вистинско христијанско семејство.
Весникот може да се набави во сите Католички цркви во Македонија.
Првиот број на Светлина излезе на 1 јануари 1995 година, основач е Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, главен и одговорен уредник е о. д-р Зоран И. Стојанов, а уредник о. Гоце Костов.
к.мк
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија:
Македонија