За тешката положба на сиромашните во Европа

За тешката положба на сиромашните во Европа

Скоро на една четвртина од населението во Европа му се заканува сиромаштво и исклученост од општетсвото – за овој факт дискутираше Советот на епископските конференции на земјите во Европската унија (COMECE) на пленарното заседание одржано од 26 до 28 октомври 2016 година во Брисел.

Во Европа на речиси на 119 милиони луѓе им се заканува сиромаштво и исклученост од општеството, што претставува речиси една четвртина од вкупното европско население. За овој факт дискутираше Советот на епископските конференции на земјите во Европската унија (COMECE) на пленарното заседание одржано од 26 до 28 октомври 2016 година во Брисел.

Во текот на многу интензивното заседание европските епископи разговараа со претставници на Каритас Европа, со претставници на локалните власти и на Европската Комисија. Освен тоа на терен се запознаа со работата на пет католички организации кои се грижат за најсиромашното население во Брисел (Поверело, ла Виале Европа, Нативитас, Кораби, Емаус).

Исто така една вечер поминаа со волонтерите и штитениците на прифатилишта и ги сослушаа нивните стравови, но со нив споделија и надеж и радост. „Задачата на Црквата е секогаш да биде со сиромашните“ потсети кардинал Маркс претседател на COMECE. „Европскиот проект донесе големо збогатување дека секој ќе го има своето место во заедницата и ќе живее во мир и благосостојба. Треба уште многу да се направи, но тоа и понатаму останува главната цел на европскиот проект.“

Анализирајќи ја негативната перцепција за ЕУ изразена на изборите во голем број земји-членки, европските епископи потсетија колку е важно институциите на ЕУ да бидат вистински во службата на жените и мажите во Европа, посебно оние најранливите. Монс. Жан Клод Холирик епископ на Луксембург рече дека „Европа мора повторно да се овоплоти во заедница на солидарност затоа што од тоа зависи опстанокот на европскиот проект.“

Дискутирајќи за прашања за мигрантите, епископите на COMECE повторно повикаа  да се донесе единствен европски пропис за правото на азил кои би се однесувал на сите земји членки на ЕУ, стои во соопштението на Секретаријатот на COMECE.

ика/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот