Папата повика во октомври секојдневно да се моли Света Бројаница

Папата повика во октомври секојдневно да се моли Света Бројаница

Светиот Отец одлучи да ги повика верниците од целиот свет секојдневно да молат Света Бројаница во текот на целиот месец октомври, кој е посветен на Богородица.

Тој ги повика верниците да се „молат на Светата Мајка Божја да ја стави Црквата под својот заштитнички покоров. На тој начин верниците да се соединат во заедништво и покора, како Божји народ, молејќи од Светата Мајка Божја и светиот архангел Михаил да ја заштитат Црквата од ѓаволот, кој сѐ уште сака да нѐ оддели од Бог и едни од други“ – соопшти на 29 септември 2018 година  Канцеларијата за печат при Светиот Престол.

Во изминатите денови, пред да замине на Апостолското патување во балтичките земји, Светиот Отец се сретна со фра Фредерик Форнос С.И., меѓународен директор на Светската молитвена иницијатива за Папата и го замоли да го пренесе во целиот свет тој негов повик до сите верници, повикувајќи ги на крајот од Светат Бројаница да ја измолат древната молитва „Sub tuum“ (Под твојата заштита прибегнуваме), како и молитвата до светиот архангел Михаил, кој нѐ штити и ни помага во борбата против злото (сп. Откровение 12,7-12).

Молитвата – рече папата Фрањо на 11 септември во проповедта во Света марта, цитирајќи ја книгата Јов – е оружјето против Големиот тужител. Само молитвата може да го порази. Руските мистици и светци од сите традиции советуваат, во моментите на духовен немир, да се ставиме под заштитата на Пресвета Богородица, изговарајќи ја молитвата „Под твојата заштита прибегнуваме.

Во оваа молитва се вели:

Под твоја заштита прибегнуваме Пресвета Богородица. Не одбивај ги нашите молби за потребите наши, туку ослободи нѐ секогаш од сите опасности. Девице славна и благословена. („Sub tuum praesidium confugimus Sancta Dei Genitrix. Nostras deprecationes ne despicias in necessitatibus, sed a periculis cunctis libera nos semper, Virgo Gloriosa et Benedicta”)

Светиот Отец исто така побара молитвата Света Бројница во текот на месец октомври да завршува со молитва до свети архангел Михаил, која ја напишал папата Лав XIII.

Свети архангеле Михаил, брани нѐ во борбата; биди ни засолниште против злото и ѓаволските замки. Понизно молиме, Бог нека му заповеда: Ти војводо на небеската војска, Сатаната и другите зли духови, кои го обиколуваат светот за пропаст на душите, со Божјата крепост и јакост да ги фрли во пеколот. Амин. („Sancte Michael Archangele, defende nos in proelio; contra nequitiam et insidias diaboli esto praesidium. Imperet illi Deus, supplices deprecamur: tuque, Princeps militiae caelestis, Satanam aliosque spiritus malignos, qui ad perditionem animarum pervagantur in mundo, divina virtute, in infernum detrude. Amen“).

к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот