Епископот Аусо: Папата секогаш промовира мирољубив соживот
Папата Фрањо секој ден зборува за меѓурелигиски дијалог јавно и приватно – истакна епископот Мигел Анхел Аусо Гисо секретар на Папскиот совет за меѓурелигиски дијалог.
Учествувајќи минатите денови на 69. шпанска мисиска недела епископот даде интервју за новинарот Рубен Круз кој го објави во весникот „Vida Nueva“, а чие резиме го пренесува весникот Осерваторе Романо.
Во опширниот говор на разни теми епископот најпрво се осврна на Јубилејот на милосрдието кој го прогласи папата Фрањо за да му зборува на светот за потребата од „взаемна почит, признавање на човечкото достоинство и промовирање на пријателство, создавање заедништво и единство помеѓу разните христијански деноминации и блиска соработка со разните верски традиции, рече епископот објаснувајќи:
Папата навистина е голем промотор на „мирољубив соживот меѓу народите“, а неговите зборови се „како мелем за сè“ без разлика на верското уверување „затоа што народот во него гледа глас веродостоен на светско ниво, среде предизвиците на големото човечко семејство“. Меѓу останатото „живееме во посебна ситуација, а меѓурелигискиот дијалог денес поприма важност која претходно не можеше да се замисли. Човештвото е рането, мораме да ги лекуваме раните кои ги отвори џихадистичкото насилство“ наречено рак кој продира во светото исто така и дискриминацијата и непочитувањето на основните права – рече секретарот на Папскиот совет за меѓурелигиски дијалог.
Во тој поглед епископот Аусо рече дека Папата настојува да понуди содржини за градење на заедничкиот дом поттикнувајќи да „се спротивставиме на насилството и дискриминацијата“ предлагајќи дијалог, а тоа не е „бонизам“ како што некои мислат. Напротив станува збор за дијалог кој бара да не го негираме својот идентитет затоа што ако го изгубиме тогаш застрануваме во релитивизам“ – објасни секретарот.
Епископот ја повика меѓународната заедница со усвојувањето на важни закони да се заземе за правда и мир за да се заузда насилството – рече епикопот.
Одговарајќи на прашање за учителството на Папата која постојано повикува на меѓурелигиски дијалог за да се гради општество кое вклучува борејќи се против културата на отфрлање, епископот рече дека папата Фрањо во однос на меѓурелигискиот дијалог оди по стапките на своите претходници започнувајќи од соборската декларација Nostra Aetate: компас кој може да нè насочи на патот кон промовирањето на дијалогот, изгледа дека документот е „пишуван за нашите денови“ – истакна епископот завршувајќи:
Папата Павле VI предложи дијалог со светот; со средбата во Асизи во 1986 година, точно пред 30 години, папата Иван Павле II ја збогатил со култура која промовира мир. Папата Бенедикт XVI предложи дијалог на љубовта во вистината која се остварува поаѓајќи од разликите за да се избегне синкретизам – заврши епископот Аусто.
РВ/к.мк