Вероучителот Глејсон Де Паула Соуза е нов секретар на Дикастеријата за лаици, семејство и живот

Вероучителот Глејсон Де Паула Соуза е нов секретар на Дикастеријата за лаици, семејство и живот

Глеисон Де Паула Соуза, 38 годишне Бразилец, оженет и татко на две ќерки е професор во средно училиште во италијанскиот регион Апулија. Папата Фрањо го именува за нов секретар на Дикастеријата за лаици, семејство и живот, соопшти во четврток, 17 ноември, Канцеларијата за печат на Светиот Престол.

Од државата Минас Жераис, во југоисточен Бразил, преку италијанската „пета“ Апулија до сегашната нова служба во Ватикан. Ова е патот на Глејсон Де Пол Соуза, кој на 17 ноември е именуван од папата Фрањо за секретар на Дикастеријата за лаици, семејство и живот. Де Паула Соуза, 38 годишен бразилец, оженет и татко на две ќерки, предава веронаука во училиштето „А. Валоне“ во Галатини.

Новиот секретар на дикастеријата има е член во заедницата на Дон Луиџи Орионе. Во 2015 година дипломирал теологија на Папскиот салезијански универзитет во Рим, а во 2019 година магистрирал филозофски науки на Универзитетот во Саленто во Лече.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот