Духовно посвојување на неродено дете…

Може да биде твоја понизна и искрена молитва за дете во опасноста на абортус, на кое родителите му предвидeле болна смрт:

–       поради непознавање на големината на злото кое го прават,

–       поради наводно нужни, често себични причини, поттикнати од силата на светските управители на темнината од овој век (Еф 6,12),

–       поради часовите на корист кои ги донесува гревот, а кои ги одделуваат од народот Божји оние кои тоа го прават (Евр 11,25).

Знај дека Бог го сака и се радува на секое зачнато дете; бидејќи тоа е Негово! Никој не се раѓа, а да не стане како ново човечко битие дар – за Тебе, за Црквата и светот!

Затоа:  НЕ пилула, и НЕ спирала – бидејќи и тоа е абортус!

Не заборавај никогаш, колки и да е тоа тешко:

СЀ ШТО ЌЕ ПОБАРАТЕ ВО МОЕ ИМЕ ЌЕ ДОБИЕТЕ!

Твојата молитва и жртва како знак на Твојата љубов кон Животворецот и животот, навистина може да биде излез, помош и сила потребна за спас на нероденото создание Божјо, кое има душа и од зачнувањето е човечко суштество, на кое Отецот небесен сака да му подари Себе си и живот вечен! Ако сакаш можеш да се вклучиш во борбата за живот!

Како да молиш?

– моли полни 9 месеци, колку што, детето кое го посвојуваш се наоѓа под срцето на мајката која не го сака, па и неа следи ја со својата молитва,

– моли само за едно дете, чие име, националност, пол и родители, ги знае само Господ,

– можеш да дадеш завет приватно сам, јавно во група, на Евхаристиска средба заедно со останатите верници, во молитвена заедница, за време на телевизиски или пренос на радио на евхаристиско славење и сл.

– пропуштањето на молитвата за која си дал завет подолго од две недели потребно е да го обновиш заветот; притоа имај на ум дека потполно да занемариш завет даден на Бог спаѓа во грев,

– биди упорен во верата дека Милосрдниот Бог ќе го спаси тоа дете за кое молиш, а тебе ќе те благослови со својот благослов на провидност

– продолжи да молиш за исправен и свет живот на детето по раѓањето, за еден ден со него да можеш да го гледаш Бог во вечната ветена среќа!

Па:

Духовното посвојување е молитвена обврска, на која може да се заветиш приватно или јавно со накана за спасување на зачнат живот во опасност. Во текот на девет месеци со молитва и жртва, молителот го следи детето кое му е познато само на Бог, како и неговите родители, а посебно мајката, и со тоа му помага сигурно да се роди. Ниедно зло не останува неказнето – а со силата на молитвата и жртва навистина може да се спречи!

Појавата на ова идеја

Во 1987 година во Варшава (Полска), белите браќа Павлини започнуваат да ја шират молитвата, чии корени се наоѓаат во објавите на Пресвета Богородица од Фатима и небесните повици за преобраќање. Павлинската монашка заедница успешно го шири „Духовното посвојување“ кое што е како очигледен Божји дар од тогаш тесно поврзан со павлинската харизма и духовност. Ова молитва насочена по заговор на Марија, Мајка на неродените и свети Јосиф, е наменета за сите оние кои се свесни на сериозноста на злото – абортус, а кои од различни причини можеби не можат да се вклучат во т.н. активна борба.

Молитва за да дадеш завет, само на почетокот на посвојувањето:

Пресвета Девице, Богородице Маријо, сите ангели и светии со желба да помогнам во одбрана на неродените, јас (име), цврсто одлучувам дека од ден _______ до_______, духовно ќе посвојам едно дете, чие име само Бог го знае, така што во текот на овие девет месеци секој ден ќе се молам за спас на неговиот живот, како и за добар живот на родителите и детето по раѓањето. Амин.

Секојдневно моли ја следната молитва:

Господи Исусе, преку застапувањето на Твојата Мајка Марија, која со љубов Те родила и свети Јосиф, човек на жива вера и посветеност, кој се грижел за Тебе по породот, Те молам за тоа неродено дете, кое по духовен пат го посвоив, а кое се наоѓа во опасност од убиство со абортус. Те молам дади на неговите родители љубов и храброст да го сочуваат животот на своето дете кој Ти си му го одредил. Амин.

На својата молитва додади десетка од Бројаницата, а на Бог посебно прикажи му ги своите искушенија, страдања, старост и болест!

 „Кој прими едно такво дете во Мое име, Мене Ме прима и Оној кој ме пратил.“ (Марко 9,37)

Ова твоја великодушна молитва му донесува живот на детето на кое ти му стануваш „духовен чувар“, а тебе те прочистува, го продлабочува твојот однос со Бог, ти ја открива длабоката смисла на жртвата поттикнувајќи обнова на твојот семеен, христијански и работен живот, донесувајќи почит и слога!

Верувај и не грижи се! Воскреснатиот Исус ја победи сатаната, смртта, болеста и гревот. Тој ги лекува раните направени со абортусот, ја доведува мајката до обраќање и вера, ги прави одговорни. Тој ти донесува мир и спасение, Ти го дава својот Свет Дух и те води во своето Царство!

„Доколку сте го направиле тоа на еден од овие Мои најмали браќа, Мене сте Ми го направиле.“ ( Матеј 25,40)

Ако абортусот за жал е направен, пред светотаинското помирување со Бог, моли:

Господи, згрешив тешко против Тебе и животот. Сега горко се каам! Исусе признавам дека Ти си мој единствен Спасител и Откупител и цврсто верувам дека Твојата Крв ме очистува од секаков грев и зло! Воскреснат Исусе, дојди во моето срце и исполни ме со силата на својот Дух, а мојот грев покриј го со својата љубов. Амин.

Познаваш ли девојка или жена која има намера да абортира, да го уништи своето дете? Познаваш ли маж, младо момче или сопруг или пак за било кој друг член на семејството или од кругот на пријателите кои наговараат на тоа злодело? Можеш да ја молиш следната молитва, да постиш или да нè повикаш за совет. Милосрден и милостив е Господ!

Небесен Оче,

Те молам во Името Исусово,

Те молам,преку Крвата на Исус Христос, Твојот Син,

Засрамија сатаната која се дигна да го зароби Твоето љубено создание … (кажи го името на личноста за која молиш)!

Те молам иТебе, Господи Исусе, Спасителе на луѓето, да ја ставиш твојата трновита круна околу главата и умот на (име).

Те молам да ја привлечеш до своето Пресвето Срце и да ја ставиш под својот покров на љубовта.

Маријо, наша Мајко, молам за неа Твоја заштита и застапување до Твојот Син!

Во светото и силното Име Исусово, ја земам власт над секој зли дух кој се дигнал против ..(име) и го заколнувам веднаш да отстапи од неа!

Оди зли дух под Крстот на Јагнето на Голгота

Нека таму те сотре Крвта Откупителска и Солзите на Неговата Мајка.

Амин. Боже, Ти благодарам! Амин.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Размислување, Свет

За авторот