Денес е денот на свештениците

Денес е денот на свештениците

На денешен ден Исус на Последната вечера со учениците ја востановува светата Тајна свештеничко ракополагање.

На Велики Четврток започнува Велигденската тродневница. Се присетуваме на Последната вечера со апостолите. На тој ден Исус ја востановува Евхаристијата односно светата Литургија и Причеста и воедно и светата Тајна свештеничко ракополагање.

Токму затоа Велики Четврток е ден на свештениците и затоа му благодариме на Господ за големиот дар на свештенството.

Честитајте му го на вашиот свештеник неговиот ден, и молете се за него. Во продолжение ви предлагаме молитва за свештениците, по повод денешниот ден.

ДУШО ХРИСТОВА, ПОСВЕТИ ГО! Посвети го Господи за неговото свештенство да е Твое свештенство. Направи не само да биде сакан, туку да може да љуби како што Ти љубиш. Дади му го дарот на својот мир.

ТЕЛО ХРИСТОВО, СПАСИ ГО! Нахрани го него со Себе, додека тој нас нè храни. Да не гладува среде изобилството. Спаси го, Господи и од нас, неговите верници.

КРВ ХРИСТОВА, НАПИЈ ГО! Обновувај го неговиот жар секој ден, направи да биде за сите достапен, да жедува за душите и да ја пие Твојата чаша до дното Господи, и во радоста и во тагата.

ВОДО ОД ГРАДИТЕ ХРИСТОВИ, ИЗМИЈ ГО! Обнови ги Господи ветувањата на неговото крштение, благодатта на миропомазанието и ветувањето на неговото ракополагање. Направи ја нова секоја негова света Литургија.

СТРАДАНИЕ ХРИСТОВО, ЗАЦВРСТИ ГО! Привлечи го Господ, на крстот кај себе, за да не падне. Држи го цврсто до Себе за да воскресне со Тебе. Дади Господи да биде вреден за доверба и самиот да ја има.

О, ДОБРИ ИСУСЕ, УСЛИШИ ГО! Послушај го Господи кога те моли за помош, кога не знае што да направи. Услиши го, Господи, кога од длабочината на срцето ќе повика кон тебе. Биди му пријател, Господи.

ВО СВОИТЕ РАНИ, ПРИМИ ГО! Заштити го Господи од него самиот; тој е само човек како и другите. Спречи ги сите оние кои би сакале да го уништат неговата човечност и неговото свештенство. Тој е твој, Господи.

НЕ ДАВАЈ ДА СЕ ОДДЕЛИ ОД ТЕБЕ! Држи го на дланката на својата рака. Не дозволувај никаква горчина да влезе во неговото срце. Дади секогаш да остане соединет со Евхаристијата, истовремено со Тебе и со Твојата Црква.

ОД ЗЛОБНИОТ НЕПРИЈАТЕЛ БРАНИ ГО! Чувај го и брани го од сатаната и неговите зли духови кој сакат да го проголта и растера неговото мало стадо кое си му го дал. Вооружи го, Господи со даровите на Светиот Дух.

НА СМРТНИОТ ЧАС ПОВИКАЈ ГО! Господи, Ти преку него ги спасуваш другите, но тој сам себе не може да се спаси ако Ти не бидеш со него до крај. Често и јас сум исплашен. Остани со него за да го зацврстиш. Исус, благослови го!

Лаудато/к.мк

Категорија: Вера, Духовност

За авторот