СЕКОЈ ДЕН ВО МЕСЕЦ ЈУНИ РАЗМИСЛУВАЈ ЗА СРЦЕТО ИСУСОВО

СЕКОЈ ДЕН ВО МЕСЕЦ ЈУНИ РАЗМИСЛУВАЈ ЗА СРЦЕТО ИСУСОВО

Единаесетти ден: Душата искусена од Пресветото Срце

Исус бара од тебе да Го следиш по истиот пат посеан со трње, по кој Тој чекореше на земјата, каде што Неговиот живот беше постојан крст. Имај доверба дека Учителот ќе те поддржи во тоа.

Утешно е да се знае дека секое искушение е знак на Божјата љубов; дека Тој самиот внимателно ја измерил тежината на крстот пред да ти го предаде; и дека секојдневно ни испраќа благодати, сила и утехи соодветни на жртвите што ги бара од нас.

Природата ќе затрепери, и ти можеби ќе речеш како Исус во Маслиновата градина: „Ава, Оче! За Тебе сè е можно; Нека Ме одмине оваа чаша“ (сп. Марко 14,36). Но љубовта ќе те поттикне со покорното Срце на нашиот Господ да додадеш: „Но не како што сакам Јас, туку како што сакаш Ти.“

Потоа, кога неволјата веќе ќе ја очисти твојата душа, таа, слободна и среќна, ќе запее песна како знак на ослободувањето. Нека овие мисли на верата те поттикнуваат во тешките времиња на искушенија што Божественото Срце ќе ги допушти.

Чашо Исусова! Сакам да те вкусам! Зашто кога се љуби, не е тешко да се трпи и да се плаче.

Кармел-бси/к.мк

Категорија: Вера, Духовност

За авторот