Делегација на Вселенската патријаршија престојува во Ватикан

Делегација на Вселенската патријаршија престојува во Ватикан од 27 до 29 јуни по повод патрониот празник на Римската Црква Свети Петар и Павле. Посетата е во рамките на традиционалната размена на делегации за Патроните празници на двете Цркви, односно на 29 јуни во Рим и на 30 ноември во Истанбул. Оваа година православната делегација е предводена од Пергамскиот митрополит ЈоанисЗизиулас, копретседател на Мешаната меѓународна комисија за теолошки дијалог меѓу Католичката и Православната црква, придружуван од архимандритот Јов (Геча), архиепископот на Руската егзархија за Западна Европа под јуриздикција на Вселенската патријаршија и патријршискиот архиѓакон Џон Крисавгис. На 28 јуни делегација ќе биде примена на аудиенција од папата Фрањо и ќе оствари разговори во Папскиот Совет за промовирање на единство нахристијаните. На 29 јуни православните делегати ќе присуствуваат на свечената Литургија, која папата Фрањо ќе ја служи од 9.30часот во ватиканската базилика.

РВ/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот