Да тежнееме високо: Европско Маријаполи на Доломитите

Да тежнееме високо: Европско Маријаполи на Доломитите

Вкупно 2650 луѓе од 38 европски и неевропски земји се собраа во Тонадико и долината Примиеро на недопрените Доломити, каде што пред 70 години – во 1949 година Кјара Љубиќ имала неверојатно мистично искуство.

Погледот од тоа место е прекрасно. Доломитите се под заштита на УНЕСКО за светско културно наследство. Шумите, планините, езерата, зајдисонцето и пешачките патеки пружаат божествени пејсажи. Меѓутоа, поради мистичното искуство кое токму овде го имала, Кјара Љубиќ тврдела дека од убавината на природата дури и поголемото чудо на небото го чувствувала во внатрешноста на нејзиното битие.

По 70 години од настанот во 1949 година, првото европско Маријаполи, организирано од страна на Движењето на Фоколарите: Тонадико и Долината Примиеро од 14 јули до 11 август 2019 година ќе биде домаќин на повеќе од 2650 луѓе од 38 Европски земји, вклучувајќи ги и луѓето од некои неевропски земји. За време на втората седмица, од 21 до 28 јули присуствува и група претставници од Македонија.

Маријаполи (Мариин град) е собир на кој луѓето го населуваат овој привремен град, обидувајќи се да изградат нов вид на општество, базиран на братство и взаемно почитување. Тоа е вистински празник, отворен за луѓето од сите вери, социјални средини и култури.

Тоа е вистински предизвик, со оглед на контекстот во кој Европа се соочува со важни општествени трансформации: со мотивите кон поголема интеграција на нејзините земји и во исто врем, со спротивните импулси кои ја нагласуваат потребата за зачувување на идентитетот и суверинитетот на нејзините историски и богати нации.

Ова повторно откривање на различните европски култури, размената на лични приказни, искуства, меѓусебно знаење во едноставна секојдневна комуникација може да биде придонес за „конкретната солидарност“ за која сонувале основачите на Европската Унија. „Европската Унија, прогласена од Шуман на 9 мај 1950 година, не може да се создаде во еден момент, ниту одеднаш, таа ќе произлезе од практичните достигнувања, кои доаѓаат од директната солидарност“.

Програмата за Европското Маријаполи, отворено за сите, вклучува периоди на размислување и размена, бројни работилници, форуми и време за пешачење, излети и културни настани.

Избраниот наслов, „Да тежнееме високо“, не е само дека укажува на фактот дека оваа средба се одржува во планините, на Доломитите, туку укажува на желбата да се фокусира на меѓусебните односи меѓу луѓето со цел да се создават автентични и хумани односи меѓу нив. Ова е вистински предизвик за културната разноликост што постои помеѓу различните европски земји и, без занемрување на разликите и без укинување на идентитетот, овој Маријаполи има за цел да биде едно сведоштво на единството и за Европа и за другите континенти.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот