Парохискиот Каритас Богданци донира користена облека на ЈУ Специјален завод – Демир Капија

Парохискиот Каритас Богданци донира користена облека на ЈУ Специјален завод – Демир Капија

Парохијата „Свети Кирил и Методиј“ од Богданци на 16 април 2024 година ги предаде собраните алишта на ЈУ Специјалниот завод – Демир Капија.

Успешноста на акцијата парохот Тома Ангелов ја препишува на жителите на Богданци и околните места кои повеќе години наназад донираат користена облека во Парохискиот Каритас во Богданци и воедно се заблагодари на донаторите за ннивната грижа за лицата во потреба.

Донацијата беше прифатена со голема радост од страна на вработените на заводот, истакнувајќи за постојаната потреба на оваа институција од донации, но и гестови за солидраност и близина од граѓани и организации.

Акцијата на парохијата „Свети Кирил и Методиј“ од Богданци за собирање на облека продолжува.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот